Охридскиот театар ја започнува театарската сезона на детски престави. Убавицата и ѕверот е една љубовна драма во која може дa се видат вистинските вредности на човештвото преку одредени ликови кои играат во преставата.
Со преставата Убавицата и ѕверот охридскиот народен театар ја започнува театарската сезона на детски престави. Оваа премиера ќе биде изведена од петмина актери кои со својата сензитивна игра имаат намера да ја привлечат не само помладата публика туку и повозрасните. Тоа всушност е една љубовна драма во која може дa се видат вистинските вредности на човештвото преку одредени ликови кои играат во преставата. Тоа е една драматургија убаво извезена, вели директорот на охридскиот народен театар, Горан Стојаноски.
Јас успеав да видам неколку од пробите и сватив дека се работи за високо сензитивна престава и една префинета игра на актерите, но многу реална без некаква тенденциозност, но со голема порака, вели Стојановски.
Режисер на преставата е Ѓорѓи Ризоски кој инспириран од бајката за убавицата и ѕверот без при тоа да се води од некави нејзини екранизации или обработки ја режирал оваа прстава.
Поентата во преставата е дека убавината доаѓа од внатрешноста на човекот а не од изгледот и дека сами треба да докажеме дали сме добри личности или не и сами да си го трасираме патот до успехот, режисерот Ѓорѓи Ризоски.
Ивица Цонев е ѕверот во преставата и тој вели дека оваа улога му отворила нови видици во животот.
Јас лично како актер најдов провокација во оваа улога бидејќи сите ние длабоко во себе сме и ангели но и ѓаволи, вели Цонев.
Адријана Билаловиќ Тодороска е убавицата, доста совршен лик и надворешно и внатрешно.
Она што сакавме да го пренесеме е дека заљубениот гледа со срцето а не со очите. Многу поважно е она што човек го носи длабоко во себе отколку неговиот надворешен изглед, вели Билаловиќ.
Таткото во преставата го игра Павел Маслов. Тој е растргнат меѓу двете ќерки од кои едната е добра а другата лоѓа.
Тоа е еден синдром на современиот родител кој се соочува со своите деца кои понекогаш се добри а некогаш не. Поентата е дека тоа треба да им се предочи и да се насочат на вистинскиот пат, вели Маслов.
Преставата ќе биде одиграна в недела од 12 часот. Ќe трае 45 минути и ќе биде едно освежување за публиката, ветуваат актерите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град