Убава хорска музика и рецитали во чест на охридскиот револуционер Христо Узунов

Основците од училиштето „Христо Узунов“ со свечена програма на малиот плоштад кај стара библиотека му оддадоа почит на нивниот  патрон.

 |  Мишел Наумоски  | 
mal plostad UZUNOV
мал плоштад УЗУНОВ

Со мелодичните звуци на хорот при основното училиште „Христо Узунов“, изведба на рецитали посветени на големиот охридски и македонски револуционер, под развеаното македонско знаме и чувани од младите војводи, основците од ова училиште му оддадоа почит на својот патрон, Христо Узунов.

110 godisnina smrt Hristo Uzunov Родители, наставници, граѓани на малиот плоштад кај стара библиотека, ја проследија подготвената свечена програма која е дел од дводневното чествување на споменот на големиот војвода Узунов.

„Узунов во колективната меморија на охриѓани но и на македонскиот народ ќе остане врежан како пример за херојство и саможртва, јунак за кого љубовта и обврските кон татковината биле поголеми од оние кон сопствената мајка.На барање на многу здруженија на граѓани, граѓани на Охрид, но и од Република Македонија, ќе поднесам иницијативан пред Советот на општина Охрид, овој плоштад да го носи името на нашиот великан.“-вели градоначалникот Никола Бакрачески.

Во рамки на свечената програма, покрај хорот при основното училиште, се рецитираше и победничката литературна творба на литературниот конкурс по повод патронатот на ОУ „Христо Узунов“. Воедно, градоначалникот Бакрачески додели и пригодни награди за прво, второ и трето пласираните литературни и ликовни творби на училишниот конкурс по повод 110 годишнината од загинувањето на Узунов. Инаку свечената програма продолжува со вечерва со свечена приредба во Центарот за култура „Григор Прличев“, како и утре изутрина, со положување на свежо цвеќе пред бистите на Христо Узунов во градскиот парк и на гробот на Узунов во Цер-Кичевско.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top