„Твоето лице ми звучи непознато“

Охриѓани во саботата имаа можност да бидат дел од еден невообичаен концерт организиран од охридските гимназијалци. Самиот настан беше замислен како варијација на познатото телевизиско шоу „Твоето лице звучи познато“.

 |  Јаковлева Лионела  | 
lice nepoznato
лице непознато

„Твоето лице ми звучи непознато“. Во саботата во Центарот за култура „Григор Прличев“ се оджа овој невообичаен концерт организиран од охридските гимназијалци. Самиот настан беше замислен како варијација на познатото телевизиско шоу „Твоето лице звучи познато“. Идејата била на професорот по музичко Александар Димоски и на самите ученици, а во организацијата активно се вклучила lice nepoznatoдиректорката на гимназијата, Вера Јовческа. Се подготвувале повеќе од еден месец. Во улога на музички ѕвезди беа самите гимназијалци претежно оние кои се дел од хорот кои изведуваа домашни и странски хитови. Настапија 15 натпреварувачи, а еден настап беше ревијален. Покрај тоа што публиката уживаше во нивната изведба, имаше и можност да пее заедно со изведувачите бидејќи текстот на песните беше проектиран на платно. Настапите беа оценувани од четири члено жири. Салата беше претесна за да ги собере сите присутни. Победник во ова шоу беше Ирма Гогова која ја изведе песната Love me again од John Newman. Инаку, целиот настан кој всушност беше една своевидна пародија, беше дел од донаторската акција за опремување на музичкиот кабинент на ОСУ„Св.Климент Охридски“.

{loadposition content9}лице познато

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top