Во моментов таму има осум бебиња, пет машки, три девојчиња. Седум од Охрид и едно од Дебар. До 2016 година се бележи пораст на наталиетот во градот, но од 2016 наваму наталитетот е во псотојано опаѓање.
2020 година е година на посилниот пол во Охрид. И првото бебе во градот беше машко, а и просечно се раѓаат повеќе машки во однос на женски деца. Од 2013 до 2016 година наталитетот во Охрид бележи благо зголемување, но од 2016, кога имало рекордни 640 живродени бебиња, до денес наталиететот е во постојано опаѓање.
Од година во година се раѓаат во просек по шеесетина деца помалку.
-„Главната причина за ова е иселувањето на младите. Мораме и тоа да го потенцираме дека има еден одреден процент на бебиња кои се раѓаат во приватните клиники а исто така мора да напоменеме дека е опаднат и бројот на населението, односно голем дел од младата популација во Охрид се исели во поголемите градов и се соочуваме реално со тој пробем во градот. Од 2013 до 2016 година вбележиме благ пораст на наталиетот. Врвот го достигнуваме во 2016 година кога имаме негде отприлика 640 раѓања“, вели д р Мимоза Хиса началник на одделението за гинекологија во Охрид.
На Гинеколошкото одделение во Охрид, просечно дневно има околу едно максимално до две породувања. Најчесто успешни живородени деца, многу ретко комплицирани со фатални исходи. Во 2018 биле родени 481 бебе, од нив имало само три со смртни исходи поради здравстевени причини.
„Во периодот од 2019 година морам да кажам дека сите деца ни се живородени , само еден неонатос беше мртов кој што беше примен во таква состојба, а беше извршено само породување кај нас. Морам со задовоство да кажам дека во 2019 имаме само едно мртвородено кое беше примено со дијагноза на мртвородено. Од наша страна максимално се трудиме цел тим од доктори гинеколози неонатолози медицинскиот персонал“, додава Хиса.
За грижата и пожртвуваноста на врвните лекари генеколози и целиот медицински тим отворено зборуваат пациенките – родилки, кои се радуваат на својата рожба.
„Добро поминав на пораѓајот, супер е персоналот. Супер се однесуваа со мене заоволна сум супер се најдобри“, Николина Серафимоска Неданова родилка.
„Добро е многу сестрите се многу добро докторката Мимоза одлична. Природно се породивте? Не со операција со царски рез„, вели Медина Леши родилка од Дебар
Дваесетгодишната Емануела Шикалеска од Охрид со нетрпение го чека своето прво бебе. Додека беше врзана на Цетеге апарати без страв и паника зборуваше за грижата и вниманието на посветениот медицински перонал
„Дојдов сношти во 12 часот по полноќ Еве сега да видиме што ќе направиме. Преадоволна сум цел персонал што е најважно ни пружаат многу внимание. Ние како мајки особено при породување чувствуваме страв но овде со овие доктори го нема тоа“ , вели Емануела Шикалески родилка.
Две и пол години до отворањето на новата болница во Охрид, во 2013 година бебињата од Охрид се раѓаа во соседна Струга. Денес на гинеколошкото одделение во Охрид има осум бебиња. Пет машки три женси. Седум од Охрид едно од Дебар. Бебешкиот плач го радува персоналот во општтата болница.
Гинеколошкото одделение во Охрид и врвните лекари ги опслужуваат не само родилките од Охрид, туку и од соседните градови Ресен, Струга, Кичево и Дебар.
Новинар Соња Рилковска
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град