Според премиерот Груески, нашата земја претставува привлечна бизнис дестинација.
Турска компанија за производство на леплива амбалажа е заинтересирана да отвори фабрика во Охрид или Битола. По добиено зелено светло од владата, се вршат преговори и со претставници од банките во Македонија. Станува збор за инвестиција вредна 3 до 4 милиони евра, која би броела над 50 вработени.
Ова е само една од стотината турски компании чии претставници учествуваат на Македонско- турскиот бизнис форум кој започна денес во Охрид.
На отворањето, Премиерот Груески потенцира дека соработка помеѓу двете земји години наназад бележи раст и е присутна во различни сегменти од економијата.
„Високото ниво на односи меѓу Македонија и Турција во повеќе области се должи на извонредните политички релации кои не се оптоварени со ниту едно отворено прашање“ , истакна хади Незир, Министер во Владата на РМ.
Тенденција е трговската размена помеѓу двете земји од сегашните 330 милиони долари за неколку години да пораснат на најмалку милијарда долари, рече турскиот Министер за надворешна трговија и инвестиции, Зафер Чаглајан.
Инаку, Турција во Македонија досега има иневестирано 180 милиони долари. Целта е оваа бројка до 2011 година да достигне половина милјарда долари.
На Македонско-турскиот бизнис форум, покрај стотината турски бизнисмени, учествуваат и претставници од околу 200 македонски компании.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град