Денеска по повод роенденот на Тоше Проески во спортската сала Билјанини Извори започна турнир во одбојка. Учество зедоа повеќе екипи од основните и средните училишта од Охрид и Струга.
Денеска по повод роенденот на Тоше Проески во спортската сала Билјанини Извори започна турнир во одбојка. Учество зедоа повеќе екипи од основните и средните училишта од Охрид и Струга.
Учесниците на турнирот носеа маички со името на Тоше.
Во полната сала децата имаа можност да се забавуваат во прекрасната атмосфера и не го криеја задоволството.
Овој настан е од хуманитарен карактер, а во организација на црвениот крст и салата „Билјанини Изовори“. Служи како потсетување дека покрај во музиката Тоше оставаше придонес и во спортот. Целта на денешниот турнир е и да се промовира одбојката во Охрид и Струга. За тоа во салата е поставена нова опрема, неопходна за одржување на овој настан.
Манифестацијата продолжува и утре со забава во Ноќниот клуб Арена. Песните од Тоше ќе ги исполнува бендот Пирузе.
Доколку се зголеми интересот кон овој спорт во иднина може да се очекува и организирање на клуб за одбојка, во кој ќе може да се откријат идните македонски одбојкарски надежи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град