Експертите во потрага по решенија за излез од еконoмската рецесија во туризмот.
И на нашите простори се чувствува влијанието на рецесијата па се бараат начини како да се излезе од таа економската криза истакна продеканот на факултеТот за туризам и угостителство Јован Стојаноски.
„Навистина е добро да соработуваат луѓето со теоретски истражувања од областа на туризмот со оние кои се директно засегнати од кризата во туризмот“ вели Стојаноски.
Сите тие се во потрага на решенија за излез од глобалната рецесијата која влијае и на домашниот туризам.
На работата на конгресот присуствуваа и голем број туристички работници. Тие се согласуваат со констатацијата на експертите од туризмот дека конгресот е добар почеток за соработка на теоријата и практиката истакна Дончо Танески, претседател на Хотам.
Очекуваат позитивни ефекти од теоретските истражувања со примена во практиката. Покрај домашните експерти по туризам, во работата на конгресот учествуваат и експерти од регионов, кој соработуваат со охридскиот Факултет за туризам и угостителство.
На дводневниот 10 Mеѓународен конгрес учествуваат над 160 експерти од 14 земји од регионов и Европа. Факултетот за туризам и угостителство е организатор на 10 научен меѓународен конгрес со наслов Влијанието на глобланат екомкса рецесија во туризмот. Ова е четврта средба во регинов по одржаните во Хрватска, Србија и Бих на која се разговара за излез од рецесијата во туризмот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град