Туризам по мерка на гостите во Москополе

Иднината на албанското село Москополе е во развој на фамилијарниот туризам, раскажа за ТВМ Али Маноку, успешен сопственик на викендички и угостителски објект. Тој со средства што ги заработил во Америка сопствената куќа ја адаптирал во викендичка и пречекува гости кои ги служи со традиционални специјалитети од тоа поднебје.

 |  Николоска Биљана  | 
moskopole
москополе

moskopoleАли Маноку од албанското село Москополе, вели дека животото го научил на две лекции, да работиш повеќе или да го преспиеш животот. Тој во далечната 2004 година зедно со сопругата и неговиот син отпочнале бизнис.  Маноку вели, дека Москополе е единственото село во Албанија кое нуди различни можности на алтернативниот туризам, посебно поради големите културно историски вредности и големиот број на цркви. За менаџмент за успешен бизнис не треба школо, туку чуство кој бизнис може да биде профитабилен, додава тој. Па така денес Москополе или како што го нарекуваат Влашкиот Ерусалим пречекува гости од цел свет и бројот на туристи од година во година се повеќе расте како што раскажува Маноку.

„На почеток овде беа само две куќи, мојата и на другар ми Астрит. Кога видоа другите луѓе дека бизнисот е профитабилен, бројот на куќите кои се занимаваат со фамилијарен бизнис во туризмот се зголеми на 20. До денешниот ден со развојот на фамилијарнот туризам бројот на сместувањето во ова село се движи од 300 – 350 луѓе – вели тој.

moskopoleМаноку кажува дека во Москополе и покрај тоа што има два хотелски капацитети, гостите повеќе преферирале да ги посетат адаптираните куќарки за туризам. Тој е категоричен дека средствата што ги инвестирал во неговите капацитети од две годишната работа во Америка, каде бил на специјализација по земјоделство, веќе се исплатиле и задоволен е од досегашната работа.

„Во овој момент во Москополе постојат 25 семејства кои го нудат фамилијарниот туризам со 6-9 соби. Во Корчанскиот регион и пошироко во Албанија ова село е посебно значајно пради големите културно историски вредности. И не само во Албанија, ова село е познато и во Франција, Греманија дури и во Нордиските земји. Пред да кажам сакам да нагласам дека иднината на Москополе е во развој на фамилијарниот туризам“ – изјави Маноку.

moskopoleВлашкиот Ерусалим, или Мека – митското Москополе е село сместено во висорамнина на 1.160 метри надморска височина, на околу 20 километри западно од Корча. Денеска од она што пред два века било културен и економски центар на Власите останало село со околу 600 жители. Преку летото доаѓаат и семејства што живеат во други делови на Албанија и Грција, а тука имаат имоти, па ги обновуваат разурнатите куќи во викендички. Од Македонија до Москополе се стигнува многу едноставно. Преку граничниот премин Свети Наум, во Поградец се фаќа патот за Корча, кој освен неколку километри серпентини над Охридското Езеро е проширен и релативно брз, а потоа пред Корча се врти лево кон планините. Патот е тесен, но обновен со фондовите на Европската унија. Според проект на Европската унија и УНДП градот треба да го врати автентичниот изглед од крајот на 18 век.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top