Туристка од Холандија поради здравата исхрана го посетила и се заљубила во Охрид

Вели дека се повеќе холанѓани консумираат храна од органско производство, но дека за жал истата тешко ја наоѓаат кога патуваат на одмор. Токму тука, Тијана Хорн, ја гледа и можноста за спојување на начинот на живот и исхрана кој ги практикува, со нејзината бизнис замисла за Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
Tianne Hoorn

Љубовта кон здравата исхрана и органската храна судбински ја довела во Охрид. Тијана Хорн е туристка од Холандија која се вљубила во Охрид, но не од причините кои најчесто би ги помислиле.

organska hranaТаа во Охрид гледа можности за развој на производството на органска храна, нешто што според неа, би ги навело холанѓаните уште повеќе и во поголем број да доаѓаат во нашиот град. За Охрид дознала преку пријател од Македонија кој го запознала токму во Холандија волонтирајќи во нејзината семејна компанија за трговија со макробиотска и органска храна. Пред две години, за прв пат го посетила нашиот град. Тијана се потсетува дека не знаејќи точно каде доаѓа, од Холандија ја понела со себе сета органска храна што можела да ја земе. Вели дека нејзината одлука била оправдана бидејќи кога дошла тука едвај пронашла една продавница каде се продава органска храна. Годинава доаѓа по втор пат и вели дека е изненадена од промената.

Hoorn organska hrana„Сега, две години подоцна, повторно дојдов со полни кофери храна, но сега забележав дека во градот имате многу повеќе продавници со доста голем избор на органска храна, кафеав ориз, многу видови на зрнест зеленчук, морски треви и алги, производи од ферментирана соја кои јас ги користам па бев навистина возбудена и среќна со тоа што воедно и видов туристи но и локално население кое ги купува тие производи, така да тоа е добро.“-вели Тијана Хорн.

Приказната за Охрид и љубовта кон органската храна за Тијана не завршуваат тука. Таа скромно вели дека има една мала идеја како да го спои бизнисот со начинот на исхрана кој го практикува, а Охрид според неа е вистинскиот избор за еден таков бизнис.

zdrava hrana Ohrid„Ако ги создадам врските, овде и во Холандија можеби би можела еден ден да отворам еден вид на сместувачки капацитет, каде ќе служиме појадок исклучиво од органски производи, па тогаш луѓето би знаеле и би биле сигурни дека кога би дошле тука, би се одмарале и би уживале во мојата квалитетна храна, а освен тоа, би било интересно ако во тоа место би имало како еден вид на работилници каде луѓето, туристите но и домашните од Македонија би учеле како да готват макробиотска и органска храна како би го подобриле своето здравје и својата среќа. Јас навистина гледам поврзаност помеѓу висококвалитетната храна, здравјето, и среќата. Вашата среќа и вашето здравје почнуваат во кујната, тоа е мојата идеја.“-рече Хорн.

Тијана и нејзиното семејство долги години се во бизнисот со тргување со органска и макробиотска храна во Холандија. Освен што ја продавале храната вели дека давале и часови за готвење, подготвување на оброци за поголеми групи на луѓе. За Охрид вели дека е навистина убаво и здраво место, но и дека нудењето на ваквата органска храна на туристите би можело да значи и привлекување на поголем број на посетители прврзаници на здравиот начин на живот.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top