Туристичко информативниот центар ќе се дислоцира во центарот на Охрид

Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на град Охрид а, со оглед на нефункционалноста на поставениот туристички информативен центар на претходно предвидената локација на Бул „Туристичка“ на влез на Охрид, се предвидува негова дислокација во централното градско подрачје.

 |  Голабовски Крсте  | 
centar
центар

инфоцентарСогласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на град Охрид а, со оглед на нефункционалноста на поставениот туристички информативен центар на претходно предвидената локација на Бул „Туристичка“ на влез на Охрид, се предвидува негова дислокација во централното градско подрачје.

Во неговата функција е предвидено и воспоставување на телефонска инфо линија за пријавување на неправилности и проблеми од областа на туризмот во Охрид.

Во овој центар туристите ќе добиваат информации за сместување и други корисни информации поврзани со туристичката понуда на градот и календар на настани. Исто така во овој ТИЦ ќе се овозможи и користење на услугите на резервација на сместување за туристите, која е во склоп на туристичкото биро Лихнидос.  
Од буџетот на општината за оваа намеа се предвидени 90.000 денари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top