Туристичките водичи и понатака го туркаат Сизифовиот камен

Охрид како најголем туристички центар во земјава е без свое Здружение на туристички водичи.

 |  Валентина Неловска  | 
канео
Канео

TuristiОхрид како најголем туристички центар во земјава е без свое Здружение на водичи. Околу 100-тина од нив се препуштени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат во хаотичната ситуација. Тие подолго време се немоќни да издејствуваат промени во оваа сфера, која ја пратат бројни проблеми.

Почнувајќи од појавата на меѓусебна нелојална конкуренција, до проблемите со странските водичи кои водат свои групи и ја презентираат нашата култура и историја како што сакаат, па се до немање на туристичка полиција и неажурност на туристичката инспекција, укажува туристичкиот водич Љупчо Јузмески. Тој ја појаснува ситуацијата во пракса и укажува  „туристичката полиција не излегува на терен за празниците и за викендите бидејќи тогаш не работат. Иако имаме нивни броеви на мобилните телефони тие не се достапни, а додека ги пронајдеме, се случува групите со туристи веќе да ја напуштат земјата“.  

Туристичките водичи спасот од бројните проблеми го гледаат во формирањето на туристичка полиција, која, како што велат, ја чекаат веќе 10 години. Ваква иницијатива поднело Здружението на туристички водичи на Македонија до Стопанската комора за туризам и до Агенцијата за поддршка и развој на туризмот, но досега од законските измени нема ништо. На прашањето зошто работите не мрднуваат на подобро, водичите, слабостите ги лоцираат и кај себеси и кај институциите на системот. Јузмески за сите наталожени проблеми категорично вели сите сме виновни.

Водичите реагираат и на полагањето  и добивањето на лиценци за туристички водичи, каде што расте нивниот број, но  опаѓа квалитетот. Бараат Факултетот за туризам и угостителство кој  е надлежен за нивното  издавање да ги заостри критериумите. Јузмески смета дека нелојалната конкуренција може да се спречи единствено со построги Законски прописи. Туристичките водичи, за да стекнат лиценца за работа треба да имаат соодветно образование и претходно задолжително  стажирање.

Денес се одбележа светскиот Ден на туристички водичи, кој Македонските туристички водичи го посветија на децата со посебни потреби. По тој повод, охридскиот водич Јузмески овој ден го одбележа заедно со штитениците од дневниот центар  „Порака“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top