Туристички бисер или ефтин панаѓур

Паѓаат во вода најавите на градоначалникот Александар Петрески  дека Охрид ова лето нема да го има минатогодишниот изглед на ефтин панаѓур.

 |  Валентина Неловска  | 
urbana oprema
урбана опрема

urbana opremaПаѓаат во вода најавите на градоначалникот Александар Петрески  дека Охрид ова лето нема да го има минатогодишниот изглед на ефтин панаѓур. За да си го врати градов епитетот „македонски туристички бисер“  не помогнаа  ниту  Програмата за поставување на урбана опрема изгласана од градскиот совет  ниту  за прв пат распишаниот јавен оглас за лицитација на локациите за нејзино поставување.
„Јас не знам што е предвидено според Програмата на овој простор, но имам дадено наредба се што е надвор од Програмата  да се отстрани веднаш, изјави Петрески. Најодговорно тврдам дека ќе дадам се од себе да се почитува програмата со која е дефинирано каде и што ќе се поставува објаснува првиот човек на градот.   
urbana oprema

Во моментов ситуацијата на терен е сосема поинаква. Пред скоро една недела на кејот започнаа да се поставуваат замоци, вртелешки и останати реквизити иако беше најавувано сосема нешто друго. Од општинскиот инспекторат се оградуваат од одговорност.
Раководителот на инспекторатот, Танас Танасоски тврди дека од секторот за урбанизам досега не добил никаков извештај ниту списоци со лица кои ќе се поставуваваат урбана опрема.
Од локалната самоуправа потврдија дека нивната Комисија за јавни набавки  дури денес ја завршила работата. Се разгледале доставените понуди за поставување на  времени објекти иако јавниот оглас заврши пред повеќе од две недели. На нашето прашање дали овие реквизити се  поставени во согласност со Правилникот или пак се нелегални, портпаролот на локалната самоуправа  Никола Манески со одговор.
„Апсолутно, затоа што Комисијатa не ја имаше завршено работата со рангирање на избраните понуди. Нема склучени договори, па штом нема договори тоа не е легално.“  Според Програмата за поставуавње на урбаната опрема на кејот не е предвидено да се постават вакви или слични забавни реквизити.  Локацијата на која се предвидува нивно поставување е в долж патеката после мостот во правец на некогашниот хотел Парк информира Манески.
Кејот според програмата е резервиран за продажба на сладолед.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top