Туристички аранжмани: едно се продава, сосема друго купуваме

Дали како потрошувачи, доволно се интересираме и сме запознаени со нашите права и обврски кои ги имаме при купување на организираните туристички патувања, за да не ни се случи, едно да купиме, а сосема друго да добиеме.

 |  Голабовски Крсте  | 
patnik
патник

Кога станува збор за планирањето на нашите годишни одмори патувањето надвор од земјата секогаш треба да претставува задоволство. Но за жал, не е секогаш така. Често пати се случувало на граѓаните едно да им се нуди како туристички производ, а да добијат нешто сосема друго, ситуација која последниве години со појавата на голем број туристички агенции некако ни станува пракса.  Маријана Лончар Велкова , претседателот на „ОПМ“, вели дека проблемите на кои потрошувачите најмногу се пожалиле оваа летна туристичка сезона не се ништо поразлични од минатите години, а на прво место сеуште се поплаките на граѓаните во врска превозот.

odmor„Во поглед на туристичката сезона, поплаките си стојат, да не се добие соба која била понудена, со поглед на море, езеро, каде се оди. Исто така услугата во поглед на хигиенските стандарди, угостителството итн. Жалбите се од разновидна природа, но она што е важно дека во рок од осум дена, треба да се пријават во агенцијата преку која што патувале,  а потоа доколку не одговарат, се обраќа до Државниот пазарен инспекторат, а потоа се оди и по друг вид на постапка може и по судски пат да се побара надомест на штета.“ објаснува Лончар-Велкова.

Слична е и ситуацијата во нашиов град, велат од ОП од Охрид.

„Во ОП имаме добиено повеќе поплаки на измамаени граѓани кои користеле услуги од туристички агенции, хотели и ресторани. Најчесто граѓаните се жалат на услугата која ја добиле дека не е согласно рекламата што ја виделе на телевизија и согласно она што им е презентирано од Туристичката агенција, а имавме поплаки и за авионски карти, ако граѓаните пред време сакале да ги откажат резервациите од оправдани причини и слично“ потенцира Спироски.

hotelОвие поплаки не се нерешливи велат од ОПМ и објаснуваат дека најголемиот нивен број незадоволните потрошувачи ги  решаваат со туристичките агенции. Но, ваквиот негативен тренд пак од друга страна предизвикува друг проблем, па така, од Министерството за економија велат дека годинава дури за 20% е намален интересот на македонските граѓани за аранжманите кои ги нудат туристичките агенции.

Е сега се поставува прашањето имаме ли како потрошувачи навика кога станува збор за купување на патувања,  да ги почитуваме златните правилa и секогаш да потпишуваме договори со агенциите, секако да реагираме навремено доколку не сме задоволни,  да внимаваме  при изборот на аранжманите, да внимаваме на реномето на агенцијата која сме ја избрале или на крајот на денот едноставно цената на аранжманот е таа која секогаш одлучува? Од „ОПМ“ предупредуваат дека додколку сакаме да се заштитме мораме детално да се информираме пред купување на секој производ. Така од Министерството за економија и Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) е изработена брошура за потрошувачите и нивните права при организирани туристички патувања која е двојазична и може да се најде во турситичките агенции, како и на веб-страниците на Министерството за економија, ОПМ и Стопанската комора за туризам (СКТ). За среќа голем дел од туристичките агенции во Македонија ги почитуваат правата и обврсктие кои се регулирани во Законот за туристичка дејност, па така сеуште ќе има каде да се обратиме кога ќе го планираме нашето следно, летување или зимување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top