Координативно тело ги превзема работите со опожарената зграда на Туристичка

Локалната ја превзеде работата во свои раце во врска со опожарената зграда.

 |  Маленкова Татјана  | 
pozar zgrada Turisticka
позар зграда Туристичка

Откако жителите на опожарената зграда на бул. Туристичка пред камерата на ТВМ проговорија за проблемите со кои се соочуваат по пожарот, нивната мака ја видоа граѓаните на Охрид, но што е уште поважно, локалната власт и надлежните. Рано утрово на иницијатива на градоначлникот формирано е координативно тело, со цел да им се помогне на жителите од оваа зграда. Телото го сочинуваат преставници на локалната самоуправа предводени од градоначалникот и секретарот, преставници на градскиот совет, Противпожарната единица, Секторот за комунален развој и сообраќај , Центарот за управување со кризи, дирекцијата за заштита и спасување, директорите на ЕВН од Охрид и Македонски телеком од Охрид. Целта  е веднаш да се пристапи кон санација на настаната штета на опожарената зграда.

„Се договоривме брзо да реагираме. Денеска направивме увид на лице место и повикавме професионална gradonacalnik vo poseta na opozarena zgrada фирма која се занимава со електрични инсталации така да од денес од овој момент веќе почнуваат активностите за санација на штетата и јас се надевам дека во најбрз можен рок ќе се оспособат инсталациите и дека станарите ќе можат повторно да се вратат во своите домови и во нормалниот живот. Сите штети во прва фаза ќе ги покрие локалната самоуправа сепак затоа викавме експерти од оваа област кои ќе утврдат колкав обем на работа ќе се изведува и од она што го видов овде нема да има интервенции во становите“, вели градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески.

Дел од координативното тело е и советникот Климе Шешоски, кој што е експерт од оваа област и кој што  ќе биде вклучен во понатамошните активности за санирање на штетите. По првичниот увид на опожарениот објект Шешоски вели подготвени се да работата во неколку смени, со цел што побрзо да се врати нормалниот тек на живот во овој објект. Тој додава дека штетата е само во приземјето во делот до лифтот.

„Според првичниот увид повеќе е штатата во таблите отколку во инсталацијата. Тоа ќе одземи малку време. Инаку подготвени сме да се работи и две и три смени само со цел што побрзо да се покрие штетата. Но за да се направи таблата ќе требаат 7 до 10 дена ЕВН ќе ги постави броилата и санацијата со самите табли, од таблите нагоре со ДУЕЛМА луѓето се ангажираат и доаѓаат нагоре со цел да воспоставиме нормален тек на живот на станарите. Матријалната штета се надеваме дека ќе биде во делот на таблата и електриката. Не знаеме со телекомуникациските gradonacalnik vo poseta na opozarena zgradaкабли како е и што е без броилата би требало од 8 до 12 илјади евра. Ова е терет на локалната, според првичната проценка. А дали ќе произлезе нешто друго зависи. Но тоа ќе го знаеме утре“, истакна советникот Климе Шешоски.
 
Жителите на зградата која гореше во неделата, задоволни од реакцијата на локалната и градоначалникот. Тие оптимисти дека за брзо време се ќе се санира.

„Во име на сите станари од зградава му се заблагодаруваме на ажурноста на градоначалникот кој по самата наша пријава вчера еве по некои околности не бил запознаен, но сепак вчера и денес сите се повторно овде. Благодарни сме на сите екипи кои дојдоа и кои ги ангажира градоначалникот и се надеваме на понатамошна соработка и работиве да се доведат до крај како треба“, вели Белинда Андоновска.

Само за потсетување во зградата на Туристичка настана пожар во неделата околу 23.00 часот. Од ЕВН Македoнија вчера за ТВМ рекоа дека точно ги знаат причините за настанувањето на пожарот. Портпаролот Атанас Ковачески рече дека станува збор за лице кое било исклучено од елекстична енергија поради неплатени сметки и кое сакајќи да се приклучи на диво го предизвикало пожарот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top