Туристичка сезона за „паметење“


Туристичка сезона за паметење, но по најслаби резултати досега, велат од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ

 |  Јаковлева Лионела  | 
vnro dpmne
вмро дпмне

Најслаба туристичка сезона досега, тврдат од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Од таму велат дека за жал Градоначалникот Александар Петрески и Локалната самоуправа не превзеле никакви мерки за подобрување на квалитетот на туристичката и угостителската дејност. Никола Митровиќ, портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ рече дека жртвата од ваквиот нивен игнорантски став кон промоција и подобрување на квалитетот на туристичката сезона  не се само граѓаните на Охрид туку и сите домашни и странски туристи кои доаѓаат да го посетат нашиот град. Тој запраша дали на Градоначалникот поважни му се тесните бизнис интереси и лажните ветувања за кои Охриѓани чекаат ни повеќе ни помалку туку цели осум години, а не добија ништо. nikola mitrovic

„Александар Петрески и неговиот тим останаа неми кон барањата на своите сограѓани – станоиздавачи,  за подобрување на условите кон туристите кои доаѓаат да го посетат нашиот град во оваа сезона. Прескапите паркинг простори, промената на собраќајниот режим со кој се создаде собраќаен хаос, поставување на чудни и до сега во сообраќајот невидени реквизити како бетонски топки кои служат за потсмев, дозвола за поставување на тезги низ главното шеталиште на Охрид со кој туристичкиот центар го претвори во панаѓур и сл.. допринесоа само Охрид и во оваа сезона да го изгуби сјајот со кој беше претпознатлив и привлечен за голем број на домашни и странски туристи“, обвинуваат од општинската ВМРО ДПМНЕ.

На наше прашање дали барем малку и тие се чувствуваат виновни за како што велат неуспешната туристичка сезона, пред се имајќи ја предвид лошата патна инфраструктура во државава, од охридската ВМРО со став дека Владата ќе го исполни ветеното и ќе направи современи и функционални патишта како што и доликува на една земја која претендира да биде дел од ЕУ. Охридските вмровци велат дека тие секогаш ги исполнуваат дадените ветувања за разлика од актуелниот Градоначалник  кој според нив осум години давал само лажни ветувања.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top