Тука пред неколку години имаше дрвја кои беа единствените филтри на овој потег. Цели 12 години тие беа чувани како зеница во око, за некој да ги искорне.
Наместо дрвја, никнаа билборди се жалат граѓаните.
Во последно време се почесто ги форсираме акциите на засадување на дрвја, што по се изгледа тоа не важи и за пред пазарот на туристичка. Додека на едно место се засадуваат дрвја, на друго се корнат. „Ги вадевме и чувавме како наши деца“, велат дел од пазарциите.
Неофицијално дознаваме дека за тоа, издаден бил налог поради нечиј интерес за поставување на рекламни билборди.
„За минута го фрлија цел мој труд“, обвинува изведувачот на градежните зафати околку партерното уредување на тротоарот. Тој видно е револтиран, што и покрај неговиот вложен труд да го уреди местото околу дрвјата, некој тоа го занемарил, вели изведувачот на партерното уредување на тротоарот Перо Петрески Калимеро.
Во светот ваквото однесување кон дрвјата е заштитено со посебен закон. Доколку некој се дрзне да уништи дрво плаќа висока казна. По се изгледа кај нас законите кон одредени нешта добро се копираат но неуспешно се имплементираат.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град