Туристичките водичи на раб на егзистенција

Охридските туристички водичи кои поради поради корона кризата останаа без работа во летниот период, велат дека нивните приходи се сведени на нула. Поради тешката финансиска состојба во која се наоѓаат над 200 амбасадори на културното и природното наследство  Во четвртиот сет мерки владата предвиде поддршка со плати за регистрираните  туристички водичи за октомври, ноември и декември.

 |  Соња Рилковска  | 


Двесте туристичките водичи од Охрид на работ на егзистенција.  Од  амбасадори на културното и пиродното наследство   во пандемијата  станаа социјала. До лани главните приходи ги остваруваа  од водење странски  групи почнувајќи од март до октомври , годинава  поради пандемијата нивните приходи останаа нула.
Конечно тие се опфатени со финансиска помош во четвртиот  пакет  економски мерки на владата.

-Штета е тие наши домашни амбасадори не бидат опфатени барем со мала помош , сеппак станува збор за една категорија на граѓани кои моментално станаа социјала и им е потребна помош“, вели Клиемнт Наумов претсеадтел на Здружение на туристички водичи Охрид.
И туристичките агенции се во незавидна состојба. Дел ставија клуч на врата,  а дел  секојдневно отпуштаат вработени.

„Зимава туристичките агенции ќе бидат оставени на милост и немилост. Ветува овој последен пакет мерки кој ги оппфаќа и туристичките агенции. Знаеме и за туристички агенции кои што затврија комплетно ги згаснаа бизнисите“, вели Климент Наумов
Распоредите на туристичките  водичи и придружници  од охридско за оваа сезона им беа  потполно букирани,  но за жал поради пандемијата сите анагажмани им се откажани до  март 2021 година.
Конечно утре  од коориднативното тело во  министертсвото за економија ќе ги дознаат условите за финансиската  помош што ќе ја добијат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top