• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Туристички агенции во Србија го нудат Охрид за Новогодишните празници со забави во угостителски објекти

Туристички агенции во Србија го нудат Охрид за Новогодишните празници со забави во угостителски објекти

Понудите се со багателни цени но она што е скандалозно е што нема ниту збор за рестриктивните мерки кои се на сила во државава за претстојните празници и според кои забрането е организирање на прослави за дочек на новата година. Од агенциите се правдаат дека Охрид им е најбарана дестинација и понудите биле направени пред еден месец кога состојбата со вирусот, според нив, не била алармантна.

 |  Соња Рилковска  | 


Познати српски агенции на големо го нудат Охрид за дочек на 2021 година по дисконт цени. Скандалозно е тоа што во програмата на петдневното патување со автобус се нуди богата забава и журки во угостителскиобјекти. Во понудата стои: дочек на Новата година во познати клубови и ресторани, афтер забави со ди џеи на бродови, дневни журки, посета на културно историските знаменитости со водичи и сето тоа за 49 евра.

Но, со новите рестриктивни мерки, кои стапуваат на сила од утре угостителскитеобјекти ќе работат само до 18 часот, а забрането е групирање на отворено иорганизирање забави.

-„Знаете дека нема дочек во клубови и барови?.Добро, добро. Во вашата програма стои дека има. Нема, знаеме и кај нас е иста состојбата , после 17 часот никој не работи од вчера ни воведоа и ПЦР тестови така да од дочекот на Новагодина нема да биде ништо“, велат од Макс Травел Србија.

Од српските туристички агенции се правдаа, велат изминативе години Охрид бил најбараната Новогодишна дестинација, па затоа понудите ги направиле пред еден месец, но истите се` уште им се активни на интернет.

,„Пред еден месец кога беше потивка состојбата со короната ние започнавме да рекламираме мислевме дека ќе биде нешто, но изгледа нема да биде ништо бидејки состојбата се влошува“, велат од Макс Травел Србија.

Туристичките работници велат ова е недоразбрање поради законската регулатива, која дозволува странските тур оператори самостојно да организираат тури, а немаат доволно информации.

„Доколку оваа регулатива се промени јас сум сигурен дека странските тур опеаратори навремено ќе ги добиваат информациите, навремено ќе ги менуваат програмите и нема да се соочуваат со вакви проблеми“, вели Филип Стефаноски сопственик на ТА во Охрид.

Доколку странските тур оператри задолжително би сорабтувале со домашните, тогаш нема да има вакви измами на грбот на туристите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top