Туристите контра Охриѓани

Гостите кои престојуваат во Охрид се почето  упатуваат негативни забелешки насочени кон однесувањето и работата на угостителите, трговците, таксистите, приватните станоиздавачи.

 |  Валентина Нелоска  | 

„Охрид, никогаш веќе на одмор, и истото би им го препорачал и на другите туристи. Кога ќе ја научат туристичката лекција на правилно однесување кон
г-динот турист, тогаш може би размислувал да идам таму на одмор. Нека одат во другите земји да научат малку љубезност, културно однесување, до тогаш идеме: Турција, Египет, Шпанија и други дестинации кои се многу попривлечни “  или  „Кога не знаат да работаат ќе немаат сезона“.

Вака изгледаат дел од негативните коментари кои ги преплавуваат  веб порталите на дневните весници упатени кон Охрид и охриѓани во врска со туристичката сезона. Љупчо Патчев, долгогодишен угостителски работник делумно го дели мислењето на гостите. Има забелешки до двете страни, светското правило „туристот е крал“ само доколку тој  кралски се однесува, а со угостителство или станоиздаваштво почнаат да се занимаат сите кои сакаат брза заработувачка  вели тој. Втор сегмент, според Патчев, кој фрла сенка врз туристичката понуда на градот е нестручното вработувањето на кадри во угостителските објекти. Решението тој го гледа во изготвување на национална и локална туристичка Стратегија.
Дел од охридските туристички работници, пак ги негираат ваквите тврдења. Владо Суклоски од Агенцијата за промоција  на туризмот вели дека од соработката со над 100 тур-оператори нема такво искуство. Напротив, странците се воодушевени од љубезноста на охриѓани. За негативните коментари кои доаѓаат претежно од домашните туристи, Суклоски вели доколку имаат проблеми тогаш бројот на домашните гости не би бил во пораст и тие не би се враќале во Охрид. Сепак, секој има право на свое мислење и коментари додава Суклоски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top