„Турбо“ професионалци

СВР Охрид годинава која изминува ќе ја запамети по интензинвните активности на полициските службеници.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого

СВР Охрид годинава која изминува ќе ја запамети по интензинвните активности на полициските службеници.

„Може да се пофалиме дека службите на секторот ги открија сите сторители на кривични дела“, вели портпаролот на СВР Стефан Димовски.  

Завршна  новинарска  средба. Во релаксирана атмосвера началникот на СВР Стефан Буџакоски и  портпаролот Стефан Димовски помоабетија со Охридската новинарска афела за настаните кои ја одбележаа 2009 год. и Изготвен годишниот извештај на СВР Охрид. Годинава доминираа убиствата во Охридско Струшкиот регион за кои СВР се пофали со успешно спроведени акции за расветлување на настаните.
Во извештајот на СВР забележано е и видно намалување на одредени сегменти на криминалитет, вели Димовски.

Портпаролот на СВР истакна посебна благодарност до медиумите кои како што рече покажаа сенс во соработката со полицијата и покажувајки дека се професионалци во својата професија дадоа голем придонес во работењето на полицијата.
СВР Охрид  годинава голем акцент посвети и во борбата против најголемото зло на денешницата Дрогата. Благодарение на тоа учениците и родителите очи во  очи се сретнаа со дрогата нејзиното препознавање и им беше укажано како да се справат доколку се покажат и првите знаци на конзумирање од најлесна до најтешка дрога.

Портпаролот Стефан Димовски најави голема мобилност од нивните единици за празниците кои престојат. Нека се весели и слави македоскиот народ но да не ги заборава законите кои ни се виза за Европа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top