Претседателот на ОО на СДСМ Томислав Тунтев пред новинарите денеска откри дел од темите за кои планираат пресс конференции во идниот период.
Како што кажа Тунтев прес ќе одржеле следнава недела за ветените а нереализирани проекти односно она што било ветено во програма ВМРО- ДПМНЕ за Локалните избори затоа што не добиле отчет од градоначалникот што било срботено во 2013 година. Тунтев како тема го посочи и односот на ДПМНЕ кон културата во градот потенцирајќи дека охридскиот народен театар не одржал претстава 6 месеци. Еден од следните пресови СДСМ ќе го закаже на локлитетот Плаошник за како што кажа Тунтев јавноста да види дека бетонските чудовишта биле повисоки од црквата.
„Каде е извештајот УНЕСКО, извештајот е добиен од УНЕСКО. Дали некој ви кажа што пишува во извештајот? Дали некој ве информира или даде изјава во однос на експертите од УНЕСКО. Зошто криење околу таа работа. Па нели се работи за национално добро и од духовен и од световен карактер културно историско наследство за кое сите охриѓани пред се треба да се информирани. Каде е сега театрот во Охрид што го отворија пратениците од ДПМНЕ и Министрите од ДПМНЕ. Зошто му го ускратија тоа право на охриѓани па толку го чекавме и пазите и колку и да беше лицемерно отварањето ние го поздравивме и рековме фала богу што се отвори театарот што пред 50 години неправедно бил затворен во Охрид за сега повторно на истото дереџе да дојдиме. Затоа ние како опозиција предложивме во буџетот за оваа година да има ставка помош за охридскиот театар“– изјави Тунтев.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град