Трудот секогаш се исплатува

Доказ за тоа се охридските едриличари кои во сезонава која е зад нас, нанижаа еден гердан успеси.

 |  Крсте Голабовски  | 

Веќе трета година по ред од редовите на охридските и струшките едриличарски клубови, излегуваат стипендисти на Агенцијата за млади и спорт. Среќни за постигнатото, но и свесни за поголемата обврска во годината која е пред нив, продолжуваат со едерењето со уште поголема љубов.


Учество на голем број меѓународни регати, како дома така и во странство, учество на Младинското светско првенство, учество на Европско првенство, една Балканијада, како и настапи на голем број државни првенства и промотивни регати, е сумата која е потребна за успех. Пртестедателот на Едриличарската федерација на Македонија, Љупчо Поп-Стефанија, задоволен од охридските едриличари. И претседателот Поп-Стефанија сезоната која е зад нас ја оценува како богата и успешна. Логичен след на настаните, според претседателот беше доделувањето на стипендиите на најдобрите едриличари од Охрид и Струга. Ердал Љушо, Димитар Поп-Стефанија, Ардијан Фејзулоски, Новица Вељаноски и Кирил Мирчески се оние кои треба во годинава пред нас да ја оправдаат довербата на АМС.

Поп-Стефанија вели дека времето за одмор е многу кратко. Веќе на втори овој месец, екипа од македонски едриличари замина на регатата Trofeo Marcello Campobasso, во организација на Кралскиот Едриличарски клуб R.Y.C.C. SAVOIA во Неапол, Италија. На пролет следува учество на неколку меѓународни регати, во класите „Оптимист“ и „Ласер“ 470, потоа летниот период и домашните државни првенства, за да во септември македонските едриличари се соочат учеството на Балканскиот шампионат. Инаку во оваа сезона новина ќе биде учеството на неколкуте регати во класата „Ласер“ за купот на Европа, а ќе се случат и голем број промотивни едрења на природните и вештачките езера низ Македонија, вели претседателот Поп-Стефанија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top