Трпејчани на сред сезона без вода и струја

Поради дефект на далноводната мрежа, мештаните на Трпејца  два дена останаа без вода. Недопусливо и некоректно е за време на летната сезона, кога во селото има поголем број туристи, ова да ни се случува реагираат трпејчани. Тие се лути затоа што проблемот се повторува а надлежните не изнаоѓаат трајно решение.

 |  Николоска Биљана  | 
trpejca
трпејца

trpejcaТрпејчани два дена останаа без вода. Проблемот е сериозен посебно земајќи го во предвид фактот дека тоа се случува во екот на туристичката сезона, реагираат мештаните на оваа елитна туристичка населба. Тие се револтирани и поради како што велат немање слух кај надлежните трајно да се надмине проблемот кој се повторува. Дел од нив се охрабрија и пред камерата на ТВМ јавно проговорија.

„Во кажувањето од водовод, наводно водоводната линија не била добро споена. Проблемот се жалаат дека е поради струјата немало добар напон му спаднале моторите што неможат да уклучат. Тука тртеба да се презема дали од ЕВН или водовод треба еден ден да застаниме дека ние сме туристичко место кој чекаме еден месец во годината да земеме за да го проживејме животот, а тие си играат баш сега, еднаш треба да застанеме на здрави нозе и да бидеме чесни и паметни. Не можеме вака да чекаме туристи го кажуваат градчето Пејтон, а ова како да е надвор од охридскиот дел на оваа убавина. Туристичко место да немаме струја и напон и вода и да ни бегаат туристите страмотилаци е ова за ЕВН.

trpejcaЗабелешки за ЕВН имаат и од Црковниот одбор на Трпејца. Имено пред самиот влез на новоизградениот верски објект односно во дворот, исправен е далновод кој пречи. Мештаните сметаат дека истиот ЕВН треба да го дислоцира. Воедно тој далновд, според трпејчани нема капацитет да ги задоволи потребите за довод на струја и треба негово појачување.

„Ние како Црковен одбор имаме побарано од ЕВН и до Скопје имаме пратено писмо и тие ни одговараат нас на црковниот одбор да сме го плателе ние преместувањето ние на трафостаницава, ни бараат 20-30 илјади евра, ние немаме пари да ги смениме ние не му дозволивме тука да го постават е поставиле во времето. Местото е наше Црковно. Бараме да се тргне ако не, на крајот на краиштата ќе одиме по судски пат. Неможиме ние, од таа струја немаме ние два дена немавме вода, водовод можеби не е толку виновен, напонот падна пумпите не уклучуваа.

trpejcaДиректорот на МЈП „Проаква“, Охрид, Томе Паскали, добро беше запознат со проблемот во Трпејца. Кратко во телефонски разговор рече дека причината поради која снабдувањето со вода цели два дена за време на викендот во Трпејца затаило, бил дефект во далноводот на ЕВН.
А за природата на настанатиот дефект појасна портпаролот на ЕВН Атанас Ковачески.

„Поради големото невреме и електрични празнења настанат е дефект на 35 киловолтниот далновод кај Градиште, па сите корисници беа префрлени на 10 киловолтната мрежа за да добијат непречено снабдување со електрична енергија. Поради лошото време веднаш не можело да се пристапи кон лоцирање на дефектот, а и поради непристапноста на теренот трагањето траеше два дена“.

На трпејчани им преостанува да се надеваат дека барем во екот на туристичката сезона нема повторно да дојде до дефект и да останат без вода и струја а секако и без туристи.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top