Жителите на Трпејца разочарани и од државните и од локалните органи.
И покрај ветувањата кои Трпејчани ги добиле и од државните и од локлните органи, проблемот со дивоградбата ИВИРЕ сеуште не е решен. Тие се категоричени дека не се откажуваат и дека правдата ќе ја бараат до крај.
„Сакаме да ја информираме јвноста дека сеуште не се превземени активности во насока на решавање на проблемот кој ни беше ветен од локаланата самоуправа дека во одреден рок ќе се реши, рокот помина, а нашите барања тапкаат во место. Бараме институциите на локалната самоуправа да ги превземеат своите надлежности и да го спроведат решението за рушење од 14. 07 2011 и заклучокот од 15.07 2011 год. За извршување на решението на дивоградбите на ИВИРЕ“, Перо Анѓелоски, Месна заедница Трпејца.
Анѓелоски предупредува дека поради тоа што никој не превзел ништо за да ги реши нивните проблеми тие ќе продолжат и ќе ги интензивираат протестите и за време на летната сезона. Трпејчани реагираат дека законите во Македонија не се толкуваат за сите исто. Прашуваат Дали со ова полицијата покажува дека има двоен аршин кога е во прашање изразувањето на незадоволства преку протести?
„Постои можност со оглед на тоа дека адлежните државните и општински органи не сакаат да ги почитуваат законите а ние сме за почитување и спроведување на закони, во овој случај и ние нема да ги почитуваме законите. Не само ние се одржувале и други протести постојано гледаме дека оние кои организраат протести ги блокираат патиштта со какви аршини се мерат сите тие работи. Дали спрема едни со едни, а спрема други со други закони не знаеме. Но нашиот став е дека доколку према кратко време не ние с еодговори тогаш ние ќе го блокираме и патот“, вели Анѓелоски.
Анѓеловски открива дека според законот за патишта, јасно им било ставено до знаење дека доколку го блокираат патниот правец Охрид – Св. Наум, тогаш за сите кои протестирале следувала паричка казна од по 300 евра во денарска противреднот. Револтира фактот, што ова не важеше и за жителите ва Велешта кои вчера протестираа на пат со иста важност, додава Анѓелоски.
СВР пак со свое објаснување за овие обвинувања. Од таму велат дека во законот за јавни собири, член 6 прецизно се уврдени основите по кои МВР, може да прекине јавен собир. Пр, загрозување на животот, здравјето и безбедоста на граѓаните, јавен собир ако потикнува кривично дело и ако со јавнио собир се загрозува животната средина.
Портпаролот на СВР открива дека има уште една точка, по која МВР може да го прекине најавениот собир. Тоа е ако неговото одржување е во спротивност со меѓународните договори со кои е предвидена обврска за непречено одвивање на сообраќајот. Во Конкретниот влучај вели портпаролот на СВР Срефан Димовски во велешта беше дозволен протестот бидејќи на патот кон Струга имаше спореден пат, по кој беше пренесочен сообрајот, што не беше случај и со Трпејца. Таму доколку на Трпејчани им се дозволеше да го блокираат маѓистралниот пат, кој води кон граничниот премин, тогаш директно се кршат обврските превземени со меѓународниот договор за непречено одвивање на сообраќајот, додава Димовски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град