Жителите на Трпејца, утрово, излегоа на мирни протести.
Со протестите на патот Охрид – Св. наум, Трпечани го искажаа незадоволството за како што велат, игнорантскиот однос на институциите на локално и централно ниво во спорот што го имаат со сопствениците на приватно- сместувачкиот капацитет изграден на крајбрежјето во ова село. Тие се едногласни – бараат од општината и од Државата да му наложат на градежниот инспекторат да ги спроведе решението и заклучокот за рушење на дивите градби на ИВИРЕ во село Трпејца, донесени во јули 2011 год. од страна на општина Охрид.
Од државата пак бараат да овозможи почитување на Законите, но и да побара секаков вид одговорност од подрачните служби на министерствата и Националниот парк Галичица, но и да се открие зошто досега никој реагирал на нивните дописи и пустошењето во Трпејца.
„Ја потсетуваме Комисијата за спречување на корупција да постапи и да се согласи по нашето барање доставено пред еден месец до неа и да се позанимава со купопродажбата на некогашниот имот на Охридска пастрмка на сегашниот сопственик Сребре Петрески. јавноста знае дека се работи за лични интереси на поединци кои под плаштот на законот за легализација на градбите лакомо сакаат да приграбат место што не е нивно и со векови во трпејца се знае дека е свето“, вели претседателот на Црковен одбор „Св. Никола“, Пере Ангелески.
Трпејчани се категорични дека ќе протестираат се додека не се урнат дивите градби. Бараат да се ослободи имотот на некогашна “Охридска пастрмка”, каде на самиот брег на езерото има и мала црквичка, место кое во Трпејца со векови се смета за свето.
„Овие господава од Трпејца многу се заплашени и гледам многу луѓе се тргнаа настрана, но ќе одиме до крај “, вели жител на Трпејца.
За рушење на дивите градби на “ИВИРЕ” има решение од градежниот инспекторат уште од минатата година, но до ден денес никој ништо не превзел. Неодамна средба со Трпејчани остварија и охридските пратеници на ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот на Охрид, но се чини дека се остана само на средби. Жителите на Трпејца бараат за случајот да се изјасне и Антикорупциската комисија, а од локалната и централната власт, најдоцна до утре, да соопштат што ќе преземат во врска со случајот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град