Во Трпејца ќе потече вода

Се исплатија бројните укажувања на проблените на Трпејчани.

 |  Татјана Маленкова  | 
rezervar
резервар

Се исплатија бројните укажувања на проблените на Трпејчани.

rezervarНив ќе им биде решен најболниот проблем со водата за пиење која во летниот перид им прави големи штети врз туризмот. Исто така мирно ќе спијат без да стравуваат дека нивните куќи ќе бидат струшени како дивоградби. Во план е урбанизација на Трпејца.

Со еден удар, ќе се решат два проблеми. Имено деновиве градоначалникот најави две капитални работи за Туристичкото Сен Тропе, атрактивната Трпејца. Проблемот со водата за пиење наредното лето ќе биде надминат бидејки започанти се активностите сврзани со изградбата на резервоарот за вода. Тоа ветува долгрочно решавање на проблемот со водоснабдувањето и надминување на актуелниот проблем посебно за време на летната сезона.

„ Летово имаше проблем не поради што немаше доволно вода што бесенот немаше доволно капацитет, тоа беше една од причините , меѓутоа и струјата за пумпите и трафостаниците е во трпејца не одговараше за зголемената потреба за,работа на пумпите и користење на вода и постојано паѓаше од системот. Од тие причини трпејца имаше проблем. Сега затоа го прошируваме постојниот басен за вода исто така на ЕВН им имаме дадено налог да ја појача струјата таму. Тие се сериозни инвестиции затоа што треба многу да се вложи таму за два месеци да се користи таа трафостаница но мораме тоа да го направиме“, вели градоначалникот.

И првиот човек на Проаква, Бранислав трпчевски ги најави овие зафати, бидејки според него сосема оправдани се барањата на Трпејчани кои егзистираат од туризмот и кои во летниот период имаат потреб од двојно повеќе вода.

„Во моментов за Трпејца го носиме и новиот урбанистички план, со што се надевеме и очекуваме дека во оваа туристичка населба ќе имаме посериозни инвестиции“, вели Петрески. Со решавањето на проблемот во Трпејца не се во целот надминати проблемите со водоснабдувањето. На негов грб сеуште му тежат проблемите за вода во селата Вапила, ливоишта и населбата Радојца Новиќиќ. „Овие проблеми планираме да ги решиме со изворите во Плаќе, за кои веќе направивме проект со градежниот факултет. За Овој проект сега треба да распишиме тендер“, вели Петрески.

„ Сметам дека со изворите од Плаќе каде ќе добиеме околу 300 литри во секунда ќе ги задоволиме вапила лакочереј и ќе дојдеме од радојца Новиќиќ, и вишокот на вода ќе оди према охрид, не како досега со пумпи да пумпаме нагоре према овие населени места и да трошиме струга, ова Ќе оди по прирден пат“, вели градоначлникот Петрески.

Според плановите на локалната самоуправ, следнава година сите проблеми со вода со кои се соочуваат жителите од регионов треба да бидат надминати.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top