• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Тројца професори од средни училишта и тројца основци се позитивни на коронавирус во Охрид

Тројца професори од средни училишта и тројца основци се позитивни на коронавирус во Охрид

Тројца професори од средните училишта и тројца ученици од основно училиште се позитивни на коронавирус во Охрид. Нивните класови се во изолација. Според локалната самоуправа и покрај тоа што има поединечни случаеви на заболени, наставата во останатите охридски училишта непречно се одвива.

 |   | 

Тројца професори од средните училишта во Охрид и тројца ученици во ОУ „Христо Узунов” се позитивни на корона вирусот. Нивните паралелки во моментов се во изолација. И покрај тоа што има поединени случаеви на заболени, наставата во останатите охридски училишта непречно се одвива. Од локалната самоуправа велат запазени се сите протоколи на безбедност и заштита.

Обезбедени се средства за хигиена, дезинфекција, според протокол запазени се начините на влегување на учениците, контрола на учениците согласно протоколите на министерството за здравство и образование. Можам да кажам дека во моментов наставата во сите основни и средни училишта во Охрид се одвива непречено, се разбира дека имаме поединечни случаи на заразени или позитивни на Ковид 19, но почитувајќи ги сите протоколи, наставиот кадар и директорите и родителите на училиштата постапуваат по протоколи и насоки – вели Томе Џамтоски портпарол на општина Охрид.

Изминатиот период подобрени се условите во сите училишта во градот. Има услови за безбедна настава и во ек на пандемијата, тврдат од локалната самоуправа.

Како што знае јавноста имавме реновирање на голем дел од училиштата во градот, условите, внатрешно ентериерно уредување. Така да, наставата оваа учебна година се одвива во многу подобри услови и верувам дека ќе биде безбедно и во иднина и за наставниците и за професорите – додава Џамтоски.  

Сите позитивни на коронавирусот се во излоција и според епидемиолозите утврдени се сите контакти и цели паралелки на заразените се во изолација.

Во детските градинки во Охрид нема ниеден позитивен случај на корона вирусот, ниту воспитувачи, ниту деца.

 

 

Новинар Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top