Тројца добитници, само една награда!

Обелоденети имињата на добитниците на Наградата и Повелбата „Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид“.

 |  Татјана Маленкова  | 
logo
лого

Обелоденети имињата на добитниците на Св. Климентовата награда и признание.
Највисокото општинско признание наместо еден,  годинава ќе го добијат тројца. „Наградата е една, но ќе се подели“, вели претседателот на комисијата Томислав Тунтев.

прославаКомисијата за доделување награди и признанија по три средби одлучи – највисокото општинско признание Наградата „Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид“ наместо да ја понесе еден кандидат – да се подели на тројца. Годинешни добитници на Наградата се Професорката Милена Главинчева, архитектот Димитар Зарчев и пратеникот Цветко Грозданов. Тројцата ја делат оваа Награда за животно дело и врвни достигнувања во сите области, за афирмација на Охрид во Република Македонија и надвор од неа, соопшти претседателот на комисијата Томислав Тунтев.
На Главинчева, покрај за професионалните достигнувања, признанието и се доделува и поради нејзините активности кои значат афирмација на Охрид. „Таа е добитник на орден, а преку летната школа и организација на разни активности во странство биле презентирани голем број дејци и културно-уметнички друштва“ додава Тунтев.
Димитар Зарчев, во својот работен век како архитект е идеен творец на неколку објекти кои се признати од повеќе стручни институции и претставуваат одреден препознатлив симбол за Охрид, а преку личен ангажман во Општина Охрид придонел за афирмација на нашиот град, рече претедателот на комисијата..
На актуелниот пратеник во Парламентот на РМ, Цветко Грозданов, признанието му се доделува за реалзиација на идејата за изградба на професионална атлетска патека на стадионот „Билјанини извори“ вредна 600.000 евра, која ќе придонесе за развој на спортот во нашиот град, за напорите за афирмација на атлетиката преку извршување на функцијата претседател на Атлетската федерација и како еден од поединците заслужни за заживување и подобрување на квалитетот на Охридскиот атлетски маратон.

Претседателот на Комисијата истакна дека при донесувањето на одлуката за доделување на наградата имале тешка задача, затоа што станува збор за личности од три различни области. Во тој контекст тој најави дека во иднина ќе биде покрената иницијатива за измена на одлуката за востановување награди и признанија.
Денеска беа соопштени и имињата на тројцата добитница на Повелбата „Св. Климент Охридски“. Ова признание се доделува за континуирана работа и афирмација на Охрид и државава во текот на една година, поточно од минатогодишниот патронен празник па се до сега. Годинешни добитници се алпинистот Мишко Танески, кој оваа година го освои врвот Ајланд Пик на Хималаи, познатиот угостител Љупчо Патчев за неговите бројни хуманитарни дела и ОМУ „Методи Патче“ за големата афирмација на Охрид на натпреварите во и надвор од државата.
Инаку на годинашниот општински конкурс, а врз основа на одлуката за воспоставување и доделување на општински награди и признанија,  пристигнале вкупно 8 апликации. Четири од нив за Наградата „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид“ и четири за Повелбата. Една од апликациите не ги задоволувала условите на конкурсот, по што отпаднал од конкуренција.
„Патронот на Охрид е на 8-ми декември и друг не може да биде. Одредени манифестации, кои не можат да бидат изведени во текот на дводневната прослава ќе бидат преместени за 9-ти август. Оваа измена е со цел на нив да присиуствуваат делегации на збратимените градови со нашата општина“ рече претседателот на комисијата Тунтев.
Наградата и Повелбите на добитниците ќе им бидат врачени на свечена седница на Советот на Општина Охрид, што ќе се одржи на 8-ми декември во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top