„Три рефлексии на погледот“ ни овозможува задоволство низ магичното фото око на Зоран Летра да го обгрлиме Охрид со еден посебен поглед на целина која му припаѓа на градот и неговата внатрешна географија, стои во предговорот на Славе Ѓорго – Димоски кон книгата на фото записи на Зоран Велјаноски-Летра која беше промовирана денеска.
Повеќегодишниот труд на професионалниот фотограф Зоран Велјаноски-Лертра ставен во книгата „Три рефлексии на погледот“. Ова дело денес беше јавно преставено пред охридските новинари со цел оваа промоција да се совпадне со Деновите на саемот на книгата. Летра објаснува дека трите рефлексии се однесуваат на езерото, културно- историските споменици, и погледот на светот. На почетокот на книгата се наоѓаат фотографии на кои се овековечени дрва кои сега веќе се пресечени.
–Смислата на уметноста и на фотографијата е всушност и смислата на животот на еден уметник да упати критика преку своите дела на целото човештво, вели Летра.
За книгата неколку збора кажа и промоторот Славе Ѓорго – Димоски кој појасни дека најновото дело на Летра претставува исклучителна и ретка книга.
–Секое уметничко дело кое ќе те натера на длабоко размислување е висринско уметничко дело. Тоа ми се случи мене гледајќи ги фотографиите на Летра, вели Ѓорго Димоски.
Три рефлексии на погледот“ е во издание на издавачката куќа „Данте“ од Охрид. Издадени се само 100 примероци од кои 40 ги откупило Министерството за култура и се наоѓаат во сувенирниците во Охрид и во книжарите. Во неа покрај фотографии содржан е и текст посветен на Охридското Езеро. Како што најави авторот на книгата пролетва ќе биде поставена и неговата следна црно-бела изложба на фотографии, а се подготвува и една поголема фотомонографија за Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град