• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Седумдесеттина вработени во АД ЕМО решение за своите судбини денес побараа во локалната самоуправа

Седумдесеттина вработени во АД ЕМО решение за своите судбини денес побараа во локалната самоуправа

Знаат дека локалната нема директна надлежност да им помогне, но велат дека како граѓани на оваа општина треба да добијат помош за актуелизирање на нивните проблеми и конечно решавање на статусот на овој поранешен индустриски гигант.

 |  Мишел Наумоски  | 
emo
емо

Маката денес натера седумдесеттина вработени во АД ЕМО од Охрид решение за своите судбини да побараат во локалната самоуправа од Охрид. Неисплатени плати, придонеси, извршни решенија и нерешен статус околу рестартирањето на фабриката. Ова е дел од проблемите за кои тие побараа помош од локалната. Претседателот на синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на Република Македонија, Пеце Ристевски, вели дека кога ја побарале средбата со секретарот на општината, Димитар Спасески биле свесни дека локалната нема директна надлежност да им помогне, но потенцира дека како граѓани на Охрид, тие треба да добијат помош од локалната во актуелизирање на нивното прашање пред централната власт. Ристевски вели дека имаат позитивни очекувања од денешната средба. Додава дека во текот на оваа недела очекуваат повратни информации околу решавањето на нивните проблеми.

emo sredba lokalna„Не да сме го предочиле, многу пати сме ги изнеле сите дописи и контакти што сме ги имале со централните институции по ова прашање, меѓутоа можам одговорно да речам дека од дел од институциите се оглушуваат, а има дел кои одговарат, меѓутоа не директно на она што како прашање го поставуваме, туку во заобиколена форма, а конкретни преземања очигледно нема, бидејќи ситуацијата е ваква каква што е. Писмено и лично јас сум во контакт со одредени министерства, УЈП, министерот за економија, но се се ветувања, а конкретно, штом е ваква состојбата нема позитивно поместување на добро.“-вели Пеце Ристевски-Синдикат за индустрија, енергетика и рударство на Македонија.

vraboteni EMOСекретарот на општина Охрид, Димитар Спасески вели дека на денешната средба со дел од вработените во ЕМО бил подетално запознаен со сите проблеми кои ги тангираат вработените во некогашниот гигант.

„Ние директна надлежност во решавање на самиот статус, на решавање на проблемите на ЕМО, рестартирање на производството на ЕМО немаме како локална самоуправа. Она што нас ни преостанува е да се грижиме за граѓаните на Охрид вработени во ЕМО што е наша директна надлежност и само од тој аспект како локална самоуправа се вклучуваме во овој процес со цел определена група на граѓани кои имаат голем проблем на нивното работно место, да помогнеме да почнат редовно да примаат плата и придонеси што за локалната економија би било повеќе од значајно.“-рече Димитар Спасески-Секретар на општина Охрид

Инаку како што рекоа од синдикатот, околу 200 вработени во некогашниот охридски гигант се соочуваат со проблеми на неисплатени околу триесеттина плати, немање предмет на работа, нерешен статус на претпријатието, како и немање здравствени картони години наназад, што велат, е дополнителен проблем во ситуација кога не земаат плата, а треба да плаќаат за здравствени услуги.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top