Висината на данокот на имот годинава за 50% намален во споредба со лани. Но и овој издаток дуќанџиите тешко го поднесуваат. Претстои ли закана од голем удар во трговијата на мало?
Економската криза навлезе во сите пори од општеството. Покрај големиот удар што го претрпе стопанството како една од најпрофитабилните гранки, не се поштедени ниту помалите сегменти. Данокот на имот за просторот каде што обавуваат дејност дополнително им ја влоши и онака тешката состојба. Дуќанџиите револтирани велат
„Висока кирија, големи давачки, уште и издвојување средства за данок на имот, премногу е, велат дуќанџиите кои имаат деловен простор под наем. Со малиот и занемарлив дневен промет можеме само да крпариме од ден за ден и сериозно размислуваме да ставиме клуч на врата“.
Од локалната самоуправа Димитар Вревезоски секретарот на општина Охрид рече дека согласно законот за данок на имот, обврзници се физички и правни лица кои што се сопственици на надевижен имот, но исто така таа обврска ја имаат и корисниците на недвижен имот. Оваа обврска е од 2008 год додава тој.
„Во текот на овие две години малку од обврзниците за подмирување на данокот на имот реагираат“ изјави Вревезоски. Доколку има некој незадоволен од постапката има право на жалба.
Колку е реално корисникот на деловен простор да плаќа данок на имот за простор кој не е негов е работа на договор помеѓу двете страни велат од општина Охрид. Ние не навлегуваме во тоа, само го спроведуваме законот. Она што е во надлежност на општината во ваквите случаи е да се направи облог на обврзниците на данок на имот. Висината на данокот на имот за 2009 година е 0,10% од пазарната вредност на недвижниот имот. Иако во проценти сумата не изгледа многу, сепак за дуќанџиите ова е голем издаток и тешк собираат средства за да го подмират истиот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град