Полицијата и трговците заедно во борба против крадците

Според податоците со кои располага СВР Охрид најголем дел од кражбите во градов се извршени во златарите, бутиците и другите трговски објекти во охридската чаршија. Со цел сузбивање на оваа појава денес се одржа состанок помеѓу преставници од СВР Охрид и бизнис заедницата.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sostanok
состанок

Трговските објекти од градов најмногу на удар на крадците. Според податоците со кои располага СВР Охрид дури 35% од кражбите во градов се извршени во златарите, бутиците и другите трговски објекти во охридската чаршија. Речиси да нема трговски субјект кој не се соочил со ваква непријатна и опасна ситуација.

Имаше и кај нас обиди за кражба, а имаше и неколку поситни кражби. Оваа појава тешко дека може да се искорени, но сите треба да направиме напори кражбите да бидат што поретки, вели сопственикот на фирмата „Маеми“, Боро Нечкоски.состанок свр

Со цел да се слушнат проблемите на трговските субјекти на безбедносен план, поплаките во врска со кражбите, оштетувања, закани и други кривични дела со кои се соочуваат во секојдневното работење како и нивните размислувања, сугестии и предлози за зголемување на степенот на безбедност денес се одржа состанок со преставници од СВР Охрид и бизнис заедницата. sostanok svrТрговците најмногу реагираа на ефикасноста во работењето на полицијата и побараа позачестени контроли од нејзина страна. Полицијата пак со препопрака до бизнис заедницата сите објекти да ги обезбедат со видеонадзор како доколку дојде до кражба полесно би го нашле сторителот.

Ние мора да ја зголемиме меѓусебната комуникација и доверба и да го подигнеме нашето партнерство на повисоко ниво како би ја постигнале заедничката цел, а тоа е намалување на кражбите во трговските објекти, рече портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Ова беше прв состанок под наслов „Бизнисот и безбедноста“ кој  се реализира во согласност со проектот на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија одобрен од Владата, кој има за цел да се зајакне новиот концепт на полициско работење со заедницата, вклучување на локалната самоуправа, урбаните заедници и граѓаните за подобрување на соработката со полицијата и зголемена безбедноста во населените места.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top