Во центарот на Охрид нема повеќе рампи за влегување и излегување од паркинг просторот.
Претпладнево рампите кај Поштата и пред Охридската капетанија беа извадени, а апаратите кои ги придвижува се облепени со леплива лента. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески во телефонскиот разговор ни кажа дека рампите се тргнати со цел за време на престојните празници да се овозможи побрз проток на автомобили и луѓе во центарот на Охрид. Тој кажа дека до Нова Година и за време на празниците ќе се пристапи кон нов начин на наплата на паркирањето.
Градоначалникот додаде дека локалната не се откажува од идејата после празниците во центарот да не се наплатува за паркинг. Тој е категоричен дека само на тој начин охриѓани ќе се уверат дека наплатата за паркинг во центраот се воведува за да се направи ред, а не за да се заработи.
Останува да видиме дали и како ќе функционираат овие новини со паркинзите во централното градско подрачје.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град