Започна третата сезона од проектот „Дрога, вистини, заблуди“

СВР, Црвениот крст, познати лица од Охрид и локалните самоуправи кои ги покрива секторот, од денеска ја започнаа третата фаза од проктот „Дрога, вистини, заблуди“.Станува збор за проект во кој како целни групи се вклучени учениците од основните, средните училишта и Црвен крст.

 |  Татјана Маленкова  | 
crven krst
црвен крст

proekt za borba protiv drogartaСВР, Црвениот крст, познати лица од Охрид и локалните самоуправи кои ги покрива секторот, од денеска ја започнаа третата фаза од проктот „Дрога, вистини, заблуди“.Станува збор за проект во кој како целни групи се вклучени учениците од основните, средните училишта и црвен крст.

Во контекст на овие целни групи овој проект е најголем од ваков вид во Р Македонија“, изјави портпаролот на СВР Стефан Димовски. Тој додаде дека оваа сезона ја започнаваат со нова кампања во која се вклучени повеќе лица од Охрид – од светот на музиката, естрадата, култура….

„ Сметаме дека на овој начин овие лица ќе дадат свој придонес со свои свои видувања и воопшто една незначителна подршка со која што ќе се обидат да укажат дека всушност дрогата е најголемо зло на денешницата“, вели портпаролот на СВР Стефан Димовски.

Дел од кампањата како претставник на културната заедница е Горан Стојаноски. „Оваа кампања за борба против дрогата ја подржувам целосно. Не само затоа што треба да се елиминира дрогата туку затоа што треба да се направи превенција посебно кај најмладите, вели Стојаноски.

„ Треба да се делува превентивно со проекти, да се активираат младите во повеќе културно активни активности. Тоа подразбира дека одредени работи кои не можеме да ги видиме за себе од типот на внатрешноста, емоциите… тие се тие вистински двигатели кои ја создаваат независноста и кои бараат нешто да се надополни“, вели раководителот на градскиот театар, Горан Стојаноски.

Дел од проектот на СВР е и екс репрезентативецот на Македонија, Данчо Целески.

„Би апелирал за што поголема масовност на овие акции, би апелирал до младите да се определат за спортот имаат неограничени можности да бидат успешни во животот да добијат многу и да се одалечат од дрогата која може да им земе се“, вели екс репрезентативецот на Македонија Данчо Целески.

И естрадниот уметник Петар Нечески вели дека со задоволство ја прифатил поканата да биде дел од проктот. Тој апелира да се прават повеќе контроли за навреме да се спречуваат лошие појави.

„Јас мислам дека треба да се прави повеќе контрола во кафичите, каде излегуваат младите. Секаде каде сум бил во светов често прават контроли со кучиња по ноќните клубови. Овие искуства треба да ги пренесеме кај нас“, Петар Нечевски.

Проектот  „Дрога, вистини, заблуди“, ја доживеа својата албанска и турска верзија . Третата фаза од проектов финансиски ја подржа Инфо Биро – Охрид. Ова е прв пат приватна фирма да се вклучи во реализација на ваков проект.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top