Граѓаните бараат да се воведе и трета градска линија

Твм денес се возеше со градскиот превоз за да дознае колку граѓаните се задоволни од неговото воведување. Мини автобусот беше претесен за сите патници кои сакаа да стигнат до својата дестинација. Охриѓани задоволни од линискиот превоз, а бараат и негово проширување.

 |  Јаковлева Лионела  | 
автобуски постојки
avtobuski postojki

Воведувањето на двете градски линии полн погодок. Иако голем дел од граѓаните беа скептични дека ќе профункционираат бидејќи претходно имаше неколку неуспешни обиди за да се воспостават, времето покажа дека навистина се голем бенефит особено за жителите од населбите кои се наоѓаат на периферијата од градов. Голем дел од нив четири месеци од кога сообраќа градскиот превоз речиси секојдневно се возат со него.postojki

Едната линија започнува од населбата „Гоце Делчев“ – бараки, населба Видобишта – Стобекс преку 7 ми ноември се вози до пресекот на бул. „Туристичка“ и „Македонски Просветители“ до зградата Печијаре, се вози по Туристичка до кружниот тек кај спортската сала, до улица АСНОМ кај социјалните згради, до комплекс болници и назад кај споменатите населби. Линија 2 сообраќа по „Железничка“ по „Туристичка“ кај плаво белите згради, до гимназија до пресекот на „Јане Сандански“ „Туристичка“ комплекс болници, „Питу Гули“ до автобуска“. Со двете градски линии се возат по 37 тури дневно, по симболични суми од 20 ден., а 600 денари изнесува еден месечен билет. Градскиот превоз можат да го користат и учениците како надополнување на посебниот ученички превоз и оваа линија за нив е бесплатна. Градски линии нема во недела, но според раководителот на патничкиот сообраќај во АД „Галеб“, Димитар Василески тоа е променливо во зависност од потребите на граѓаните. Возниот ред е утврден, започнува од 5 и 30 наутро и превоз има на секој половина час, до 23:00 часот. Возачот на мини автобусот Горан Петрески секојдневно им посакува добро утро или добар ден на своите патници.постојка

Еден работен ден ми започнува рано наутро или ако сум попладне почнувам во 14 часот. Нон стоп возам, еве денес почнав во 5.30 и ова ми е последната тура. Цел ден нови и нови патници, но веќе сите добро се знаеме бидејќи четири месеци возам на оваа релација. Уште малку па ќе почнат да ме канат и на свадба, до толку со некои се спријателивме, вели возачот Горан.

И раководителот на патничкиот сообраќај во АД „Галеб“, Димитар Василески вели дека се задоволни како функционира линискиот превоз иако при неговото воведување биле скептични дали ќе има заинтересираност кај граѓаните и дали фирмата ќе има економски бенефит од тоа. Василески кажува дека првенствено линиите ги спровеле за да им излезат во пресрет на граѓаните од периферните делови на градот. Тој додава дека откога започна функционирањето на градскиот превоз секојдневно добиваат добронамерни критики како истиот да се подобри. Граѓаните бараат линиите да се прошират посебно втората во која би бил опфатен и делот кај ФТУ  и Охридати. Василески ветува дека сериозно ќе размислат за овој предлог и дека ќе се потрудат да ги задоволат барањата на граѓаните.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top