Трет саем на виртуелни компании во Охрид

На саемот, идните бизнисмени имаа можност да ги презентираат вештините, искуствата и достигнувањата, но и афинитетите кон бизнисот, стекнати во текот на образовниот процес.

 |  Голабовски Крсте  | 
саем
saem

Симулација на бизнис, преку која идните млади бизнисмени од Охрид, открија само дел од своите афинитети. Агенции за свечени пригоди, аква паркови, компании за трговија со кафе, он лајн библиотеки, беа само некои од компаниите на кои средношколците економисти вредно работеа преку целата година.

средношколци„Нашата компанија се состои од 14 ученици, сите од четврта година, и на овој проект работевме речиси цела учебна година под менторство на професорката Царева Цветаноска.

„Нашата компанија се вика Аква парк „Атлантис“. Во склоп на аква паркот даваме часови за нуркање и пливање“ велат Соња Алексоска и Аврамоска Александра – матурантка – Средно економско училиште „Св.Климент Охридски“.

Бенефит на целокупната работа е тоа што учениците во овие виртуелни компании го ефектуриаат своето знаење за водење на бизнис, кое пак на најдобар начин се канализира низ вакви позитвни проекти, вели професорката Весна Карамитре.

publika„Постои  едно, конструктивно ривалство без насилство, и мислам дека е задоволство да се види вакво нешто. Овој саем го организираме за да упатиме апел до реалниот сектор, дека им испраќаме квалитетни ученици и интелектуалци“ објаснува професорката Карамитре.

Инаку, на саемот свои штандови имаа осум паралелки од економското училиште и еден од гимназија. Професорката Карамитре додава дека од голема помош при организацијата на овој саем, било искуството кое го добиле од посетата на меѓународниот саем во Тирана. Саемот на виртуелни училишни  компани се одржа со финансиска поддршка на Локалната Самоуправа од Охрид и општина Дебрца.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top