Претседателот на Комисија за образование при ОК ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Проф.Никола Тренески на тематска пресс конференција проговори за активнстите на министерството за образование и наука во својот петгодишен мандат.
„Основна дејност на Министерството за образование и наука е воспитно-образовниот процес на што овој состав на министерство и посвети посебно внимание во едно постојано реформско движење, а резултатите се видливи низ сите нивоа на образование“ истакна Тренески. Проф. посебен акцент стави на приближување на нашиот образовен со образовните процеси според европските стандарди. При тоа ги наведе воведувањето на деветолетка, задолжителното средно образование,
бесплатни учебници за основно, средно гимназиско и средно стручно образование, воведување и спроведување на матурски испит, бесплатно сместување и превоз на ученици, воведување на задолжителен еден од светските јазици од прво одделение.
Тренески уште додаде дека со цел да се подобри и квалитетот на високото образование и сведе на европските стандради, во последен период акцент беа измените за високото образование.
Тој не пропушти да потенцира дека стандардот на наставниците, се подобрува во континуитет.
Претседател на Комисија за образование при ОК ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, посочи дека програмата за образованието за наредниот период е во изработка и дека во неа претставниците на ОК ќе се вклучат со свои предлози. „Многу е рано да предвидуваме за тоа кои ќе бидат нови активности на владата во образованието, но не се сомневам дека и понатаму, оваа влада ќе има најголеми инвестиции токму во образовниот процес“, истакна Проф.Никола Тренески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град