16 години на власт, ништо не направи градоначалникот на Дебрца, Којчиноски, обвини Игор Трајкоски кандидатот за градоначалник на Дебрца од ВМРО- ДПМНЕ. Тој порача дека по победата на ДПМНЕ во Дебрца ќе биде извршена ревизија на досегашното работење на Којчиноски.
Се надѕира крајот на долгогодишната голготата од владеењето на СДСМ и нивниот градоначалник Којчиноски, порача кандидатот за градоначалник за Дебрца, Игор Трајкоски. ВМРО ДПМНЕ ќе стави крај на манипулациите и на нивната не работа, веднаш штом ќе дојде на власт за неколку дена, додаде Трајкоски.
„Сепак и покрај тоа што остануваат само уште неколку денови до локалните избори, старите навики за малверзации на СДСМ не се менуваат и одат до крај. Како последен обид за манипулирање на јавноста е тоа што претседателот на ОО од СДСМ Љубен Стојкоски е секретар на општина Дебрца и воедно претседател на Општинска изборна комисија во Дебрца, дали ваквиот чин н апоставување на свои блиски луѓе досегашниот градоначалник Којчиновски го крунисува со 16 годишното владеење на СДСМ на општина Дебрца. Незаконското поставување на претседателот на Општинската организација на СДСМ за претседател на Општинската изборна комисија е своевиден преседант, еднаков на изборен фалсификат.
Трајковски порача дека сите оние кои ќе се дрзнат да го нарушат изборниот процес, ќе одговараат пред законот и најави дека по победата на ВМРО – ДПМНЕ во општина Дебрца, целосно ќе се изврши ревизија на досегашното работење на Којчиноски. Трајкоски ја побара поддршката на дебрчани.
„Жителите на општина Дебрца се желни за промени, за реализирани проекти, за дела и достигнувања. Токму тоа им го нуди ВМРО- ДПМНЕ преку изборната програма. Затоа ги повикувам на 24 март, сите масовно да излезат и целосно да се поддржи листата на советници на ВМРО- ДПМНЕ, како и да ми се даде мене поддршка за градоначалник на општина Дебрца. Само така може да се оствари во целост изборната програма и да се реализираат голем број на проекти кои се од круцијално значење за понатамошниот развиток на општина Дебрца“.
Трајкоски потенцира дека не треба да се заборават бројните нереализирани ветени проекти од страна на СДСМ, а за кои дел од нив Владата има и партиципирано со финансиски средства како што е изградба на водовод во Климештани, изградба на полигон во Оровник, реконструкција на водоводната мрежа во Ботун, доводниот цевковод за Волино и др.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град