Трагите на скулпторот Милатовиќ, пред охридската публика

Црногорскиот пост-модернист Сретен Милатовиќ, се претстави пред охридската публика со неговата изложба насловена како „Траги“.

 |  Голабовски Крсте  | 
tragi
траги

Трагите на црногорскиот скулптор Сретен Милатовиќ, од синоќа, пред охридските љубители на уметноста. Овој истакнат црногорски пост-модернист, кој за прв пат самостојно се претставува пред македонската публика, е роден во Никшиќ во 1966-та година. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Сараево, во каласата на професорот Алија Кучукалиќ, а моментално работи како доцент на Академијата за ликовни уметности од Требиње. За неговата изложба, насловена како „Траги“, вели дека е израз на суптилноста на неговото лично искуство од животот и природата.

tragi„Тоа се едни објекти, мои малечки дела со многу мали интервенции, но таа некоја карактеристика, од поднебјето од кое доаѓам има конотација на тие траги кои јас ги втиснав во овие мои дела.Тоа се само некои траги, мои мали сведоштва оставени на овие површини.“ вели Милатовиќ.

Милатовиќ објаснува дека само еден дел од изложбата го работел околу година и половина , бидејќи сака да експериментира со материјалите. Причина за ова е неговата намера да ја открие душата и потеклото на материјалот, за да долови експресија со одредена естетска форма.Изложбата поставена во „Центарот за култура Григор Прличев“, ке трае до 28-ми јуни.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top