Во духот на лајонизмот, охридските „витези на слепите“ со ваквите акции допринесуваат да им се подобри состојбата на оние на кои помошта им е повеќе од неопходна.
Традиционален Новогодишен Хуманитарен Концерт во организација на Лајонс клуб од Охрид. Во духот на лајонизмот, охридските „витези на слепите“ со ваквите акции допринесуваат да им се подобри состојбата на оние на кои помошта им е повеќе од неопходна. Концертот кој се одржа синоќа е петти по ред во организација на Лајонс Клуб Охрид и со него охридските лајонси покажаа дека Охрид изобилува со млади таленти, но и граѓани кои се хумани.
„Вечерва имавме прилика и чест да присуствуваме на хуманитарен концерт каде доминираше нашата иднина и нашата младост“ истакна гувернерот на дистрикт 132, лајон Сашо Василески.
„ Се гордеам што потекнувам од Охрид од Лајанс клуб – Охрид кој е првиот клуб во внатрешноста во Р Македонија. Ова е само мал дел од нашите активности како клубови на дистрикт 132 е еден многу мал и скромен дел кој денеска на Охрид и охриѓани им ја прочитавме и претставивме реалната вредност на луѓето кои зад себе оставуле трага од својот професионален живот. Денеска покажавме дека ние како град имаме потенцијал нашата младеж и нашите надарени музичари ни приредија прекрасна новогодишна вечер“, истакна гувернерот на дистрикт 132, лајон Сашо Василески.
Концертот започна со хорот на Охридската Гимназија Св. Климент Охридски кои синоќа блескаа повеќе од кога и да е. На сцената во домот на културата се претставија и младите уметници од Музичкото училиште Методи Патче, а беа претставени и добитниците на Лајонс ТОП 10.
Претседателот на Лајанс Клуб Охрид, лајан Драган Спасески – Охридски цитирајќи го Шкспир рече: Луѓето повеќе се радуваат на надежта, отколку на сопствените успеси. Нашата желба е да го споиме минатото со иднината, а да траеме во сегашноста, додаде Спасески.
„Вечерва бевме сведоци на една прекрасна вечер во која сите што се сомневаа досега дека Охрид е град на духовноста,вечерва му се потврди дека Охрид има снага да се потпри на сопствените духовни сили не само матријално да биде загаден, него има духовна снага да се обновува и на таков начин оваа вечер Охриѓани за охриѓани беше спој на минатото и иднината. Средствата собрани од овој концерт според статутот на Лајонс Клуб – Охрид ќе одат онаму каде се најпоребни, а наша целна група се организацијата на слепи, но немора и таму ние во изминатиов прериод докажавме дека имаме доволно средства и во ресусрси и во матријални технички средства да издвоиме доволно средства да му помогнеме и на другите лица и хендикепирани и лица со посебни потреби, истакна претседател на Лајонс клуб Охрид, лајон Драган Спасески Охридски.
На Традиционален Новогодишен Хуманитарен Концерт Лајонс клуб Охрид го додели и традиционалното признание со кое оддаваат признание на поединци, организации, здруженија, кои со својот професионален или приватен ангажман, постигнале успех во сверата на хуманизмот, културата, науката и уметноста, промовирале граѓански вредности и допринеле за афирмацијата на Охрид и Р македонија. Лауреат на Годишното признание „Горна Порта“ е академик Цветан Грозданов, затоа што како што кажаа името на академик Цветан Грозданов или само Цветан Грозданов означува духовен идентитет на Охрид. Грозданов е историчар на средноковната и византиската уметност, а посебно историјата на уметност во Македонија од средниот до почетокот на XX век. За својата научна работа академик Грозданов е добитник на повеќе награди во Р Македонија и надвор од државава.
Синоќешниот концерт беше збогатен и со настапите на реномираните музички ѕвезди Ѓоко Танески, Дамјан Пејчиноски и Влатко Лозаноски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град