Традиционален натпревар по прва помош

Во рамките на своите активности во делот на првата помош Црвен крст- Охрид го организира традиционалниот, 47ми по ред, Општински натпревар. На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош ги покажаа повеќе од 250 ученици-натпреварувачи од сите основни и средни училишта од Охрид и Дебарца, организирани во екипи во категорија подмладок и категорија младина.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Несреќите се случуваат секојдневно и насекаде: во домот, на улица, на училиште, на работно место, на игралиште, во природа и каде ли уште не. Во таквите ситуации правилното укажување прва помош значи спасување човечки живот. Во рамките на своите активности во делот на првата помош Црвен крст- Охрид го организира традиционалниот, 47ми по ред, Општински натпревар. На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош ги покажаа повеќе од 250 ученици-натпреварувачи од сите основни и средни училишта од Охрид и Дебарца, организирани во екипи во категорија подмладок и категорија младина.

Тоа е она што е нашиот императив и тоа што не прави среќни да што повеќе луѓе знаат да укажат прва помош затоа што таа е неопходна бидејќи несреќи се случуваат насекаде. Сигурни сме дека оние кои ќе дојдат во ЦК ќе ја научат оваа вештина и понатаму во животот ќе им биде од корист, вели Сашо Точков, претседател на ЦК Охрид.

И оваа година на општинскиот натпревар се применуваа критериуми и стандарди кои се спроведуваат при одржување на европските натпревари по прва помош. Во таа насока натпреварувачите, но и посетителите на оваа манифестација на 8 пунктови низ градот од кои на 6 од нив беа сведоци на симулирани-реални случки на несреќи, изведени од членовите на актерските групи од Црвен крст Охрид, како и реалистички приказ на повреди, подготвени од посебно обучени шминкери за повреди на Црвен крст Охрид.

Шминкерите се потрудија тоа да изгледа баш реално, а на овие пунктови доаѓаат екипите кои бројат по шест членови и укажуваат прва помош. За регуларноста и оценувањето на натпреварувачите се погрижија 22 лиценцирани судии за прва помош на Црвен крст Охрид кои им даваа соодветни насоки на екипите, објаснува Точков.

Присутните наши сограѓани имаа можност да видат и доколку сакаат, да научат како правилно се укажува прва помош и да добијат бесплатни совети од инструкторите за прва помош. Најуспешни во категорија подмладок беа членовите на екипата од ОУ „Св.Климент Охридски“, а во категоријата младина првото место и правото на учество на државниот натпревар кој во септември ќе се одржи во Кичево, го освои екипата на ОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top