25 годишна традиција во одбележувaње на Василица

Од  далечната 1987 година па се до денес семјствата Стефаноски, Велески, Рибареви, Неловски, Бакаловски, Шаин, Љаткоски и Стрезовски со кршење на погача и наоѓање на паричка, традиционално  ја слават Василица.

 |  Наташа Размоска  | 
tradicija
традиција

Во текот на сите овие години не се случило традицијата да се прекине. Каде и да се 8-те  семејства на 13 јануари  заедно ја прославуваат Василица. Покрај веселата атмосфера традицијата на славење е пропратена со посебни ритуали и правила.Правилата се тие кои 25 години ја одржуваат  традицијата се согласуваат сите во друштвото. Кумот домаќин на овој ден добива пехар на која е врачена датата на годината на кумството и златна паричка. Се играат купчина и се води строга евиденција на кумствата  по години , но и сите весели случувања и анегдоти кои се пропратени на  дружењето. Сите обичаи, правила и анегдоти се запишани па се очекува наскоро да бидат и објавени во книга посветена токму на оваа традиција. Годинава паричката ја извлече семејството Љаткови па според верувањата се  очекува да ги следи  успешна 2011 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top