Тони отпад завршуваат на дното на езерото, алармираат нуркачите од Акватек

За да се одлага во езерото толкава количина габаритен отшад потребна е организација , луѓе и пловни објекти. Тоа е диверзантска акција велат нуркачите. Инспекторите да си ја вршат работата а луѓето да бидат совесни , ако не се гледа под вода не значи дека ѓубрето исчезнало засекогаш, велат охридските нуркачи.

 |  Соња Рилковска  | 

Тони отпад на дното на Охридското езеро. Најстарото и најдлабокото езеро во Европа, познато по својата проѕирност и чиста вода секојдневно се загадува од несовесните граѓани. Кој  реновирал купатило, расчистувал  двор и слично отпадот наместо на депонија го фрла во езерото. Почнувајќи од пластични шишиња,  кеси , лименки, преку градежен шут до шпорети, болјери , кревети. Езерото е затрупано со секаков вид отпад.
 Деновиве нуркачите од клубот „Акватек“ алармираат за несовесното однесување на поединци,  кои за жал ги има во голем број и прават ненадоместлива штета на  природниот басен на езерото и живиот ендемичен свет во него.

„Луѓето се малку чудни, мислат дека ако ги фрлат работите во вода ги снемува ама тоа е еден круг: Ние се храниме со риа , отпадните води се во езерото и ние пак ги конзумираме што е многу жално. Инаку се повеќе сретнуваме отпад, секаков вид на отпад, од болјери кади, Ете последниот случај со кадата што ја извадив од езерото, седеше една недела кај контејнерите на сараиште комуналните екипи не ја подигнаа, па објавив статус на Фејсбук, па ја подигнаа. Пластичниот дел од кадата го оставија, откако пак наишав пост го кренаа. Така да сите си имаат споредни работи а за тоа земаат плата“, вели Никола Паскали археолог и нуркач од НК  „Акватек“.

За да фрлиш габаритен отпад во езеро потребно е многу несовесност и негрижа, но и енергија и организација. Треба  со кајче скришум ноќе да се носи отпадот во длабочините.Многу поедноставно е д се фрли на депонија или да се одложи  покрај контејнер.

„Да фрлиш вреќа или некаков друг отпад во езеро е диверзантска операција, треба навечер, да запалиш кајче, па да не те види никој па да се кренеш 500 или повеќе метри од брегот. Да го фрлиш па да се вратиш назад. А едноставно каков бил отпад и да нема акција од комуналците, ставете го покрај канта тие ќе го подигнат. 0800 Сторителите може многу лесно да се најдат, јас не сум инспектор и не ме интересира кој фрла, но ако инспекторите си ја вршат работата совесно лесно ќе најдат кој фрлил отпад.Едноставно тие треба да си ја вршат работата а луѓето да се совесни и да си го чуваме ова  езеро бидејќи тоа не е само наше туку припаѓа на цел свет и греота е да изгубиме ова богатство што го имаме“, вели Паскали.

Нуркачките клубови од Охрид со поддршка на локалната самоуправа,  но и финансии од странски фондови, често пати прават еколошки акции за чистење на дното на Охридското езеро.
Доколку продолжи негрижата на населението, на Охридското езеро му се заканува потполно уништување на некои ендемични видови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top