Црвен Крст Охрид нуди нова можност за подготовка за полагање на TOEFL тестот

Охридскиот црвен крст повторно нуди можност за подготовка за полагање на TOEFL тестот.

 |   | 

Во рамки на своите едукативни програми и позитивните искуства Црвен крст Охрид продолжува со циклусот на подготовка на кандидати за полагање на TOEFL (Test of English as a Foreign Language) која во вид на часови ќе започне на 29 септември 2016 година, а ќе ја спроведува тим на професори по англиски јазик, предводен од Александер Џоунс, волонтер на Мировен корпус Македонија кој работи во организацијата на Црвениот крст Охрид. Во тек се уписите за новиот циклус. Првиот циклус подготовки беше спроведен од месец февруари до крај на мај и резултираше со успешни резултати, што наложи истиот да се повтори поради огромниот интерес, вели Мимоза Ставрева – секретар О.О. „Црвен Крст“ Охрид.

„Со оглед на тоа дека сакавме да работиме со помала група, меѓутоа имавме 60 пријавени учесници, на крај завршивме со група од 30, имавме неколку од нив кои навистина имаа потреба да го полагаат тестот, имаме неколку кои успешно го положија тоа за нас кажува многу дека нашата програма била успешна“, објаснува Ставрева.

Целиот циклус трае десет недели, еднаш неделно со два блок часа, со можност за дополнителен час кој ќе се користи за конверзација за сите оние кои сакаат да го усовршат англискиот јазик. Испитот се состои од четири дела: слушање, граматички структури, читање и пишување. На крајот од подготвителната обука следува и симулација на тестот кој трае 4 часа., објаснува Александар Џоунс -Мировен корпус Македонија

„Да се биде посебно подготвен за полагање на тестот е многу важно, бидејќи истиот долго трае со една кратка пауза помеѓу, па затоа треба да бидете подготвени за тоа што ќе ве очекува.02.01(лепи)02.28„Кај различни поединци, различен дел од тестот е предизвик. Најдолго трае читањето, многу внимание посветуваме на него, бидејќи со читањето се поврзани други моменти, додека слушањето и говорењето се пократки делови“ објаснува Џоунс.

TOEFL станува се попопуларен и позастапен испит во нашава земја.Испитот го одредува нивото на познавање на северноамериканскиот англиски јазик. Наjмногу се употребува за запишување на колеџите и универзитетите во САД, за сите оние кои сакаат да работат во странство, а и за државната администрација.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top