Тодоров на увид, во болницата

Пристигна уредно најавен да види до каде се работите во Општа болница Охрид околу нејзината реконструкција поточни изградба.

 |  Николоска Биљана  | 
todorov
тодоров

Министерот Никола Тодоров, во посета на Охрид и Струга за да види како функционира здравството. Задоволен е од досегашниот тек со изградба на Општата болница во Охрид. Тој смета дека Охридската болница не само што ќе биде регионална, туку ќе ги отвори вратите и за пациентите од соседните земји.

todorov ohrid

„Рекунструкцијата оди да ви кажам искрено и побрзо од тоа што јас очекувам, да не се урочиме сега, но, очекувам да заврши пред крајот на оваа година. Тоа ќе биде во рамки на она што имаме со договорот. Во договорот ни беше предвидено 8 месеци, разговаравме со изведувачот тој смета и нешто пократко ќе завршиме, но со оглед на тоа што станува збор за градежништво некогаш можат да излезат непредвидени работи, но нашиот таргет е пред крајот целосно да ја завршиме болницата и наредната година да почнеме во сосема нови и современи услови“.

Задоволен од текот на изградбата на болницата е и првиот човек на оваа установа Др. Љубен Арнаудов. Тој очекува набрзо сите работи и проблеми кои произлегоа со реконструкцијата на болницата да се надминат.

todorov 1

Тодоров со дипломатски одговор на новинарско прашање во врска нискиот буџетот на струшката болница која ги чувствува последиците од зголемениот обем на работа  поради реконструкцијата на охридската болница.

„Како директен одговор на прашањето, ние ќе гледаме во ниту еден момент да не се доведе во прашање нормалното функционирање на струшката болница, имајќи во предвид дека сега работи со зголемен капацитет и тоа е нормално сега кога ние инвестираме овде сериозно во Охрид, пациентите да бидат пренасочувани во Струга“.

Изградбата на Општата болница во Охрид е од круциално значење за охриѓани, кои скоро две години буквално се без болница и нејзините услуги. Но исто така оваа болница освен што ќе се модернизира, ќе треба и кадровски добро да се доекипира бидејќи за современите апарати треба стручни лица кои ќе ги обучат докторите, како успешно би се следеле светските трендови.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top