Точков: Охриѓани дисциплинирани, епидемиолошката состојба во Охрид стабилна

Состојбата во Охрид со корона вирусот подолг период е стабилна. Тоа покажува дека граѓаните до сега се совесни во поглед на почитување на препораките. Како што се приближуваме кон пикот требна да бидеме уште подисциплинирани, порачуваат од Центарот за јавно здравје.

 |   | 


Епидемиолошката состојба во Охрид е стабилна подолго време.
Првиот случај на инфициран со корона вирус во Охрид веќе има два последователни негативни теста. Со тоа во Охрид во моментов има три лица со позитивен статус  за двајца од нив се чека негативен резултат на втор тест со што во Охрид ќе има само еден регистриран случај на инфициран со вирусот, информира директорот на ЦЈЗ, Сашо Точков.

„Тоа е новиот случај којшто го имаме од опред два дена кој се заразил надвор од градот Охрид и е во целосна изолација веќе подолго време. Лоцирани се неговите многу ограничени контакти. Под контрола и надзор на епидемиолог се наоѓа и не се очекува ширење на вирусот поврзано со овај случај“ – изјави Точков.

Точков ги пофали своите сограѓани дека се покажаа како дисциплинирани, совесни и одговорни во поглед на почитување на мерките и препораките на здравствените  власти. Како што се движи бројот на новорегистрирани случаи по нагорна линија и се приближуваме кон пикот на епидемијата граѓаните не треба да се опуштат, посебно пред и за време на  Велигденските празници.  вели Точков.

“Тоа сигурно ќе вроди со плод.  Затоа што навистина се покажавме како хумани , солидарни , разумни во почитување на препораките и можеме и мораме да го издржиме уште овој налет “ – порача Точков.

Соработката,  организацијата и заложбите на  сите здравствени работници од сите здравствените установи во охридскиот регион се на високо ниво, вели Точков, за што упати јавна благодарност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top