Година на стабилизација, надеж и потреси во повеќе сфери од општественото живеење. Така ја окарактеризира 2017 година претседателот на Црвениот Крст на Охрид Сашо Точков. Посакува благосостојба и намалување на бројот на наши сограѓани кои имаат потреба од хуманитарна помош.
Успешна година бележи Црвениот крст од Охрид. Со традиционален коктел на кој присуствуваа бројни граѓани и соработници, активистите на Црвениот Крст од Охрид ја заокружија 2017 година. Претседателот Сашо Точков изрази задоволство од сработеното, односно реализацијата на бројните хуманитарни акции кои најчесто се во знакот за помош на ранливата категорија на граѓани. Неговите очекувања за наредната година се дека ќе имаат доста работа, а меѓу приоритетите на општинскиот Црвен крст за 2018 година е воспоставување на систем за спасување.
„Изразувам големо задоволство и очекувам во 2018 барем во делот на проектна активност на Црвениот Крст да реализираме голем прекуграничен проект кој што е од ИПА 2 програмата финансиран и кој што на градот ќе донесе голем бенефит а тоа е една професионална служба за спасување која што 24 часа ќе биде достапна за целиот регион на Охрид.
Точков искажа голема благодарност до сите волонтери кои биле вклучени во бројните активности, вработените и медиумите за искажаната поддршка. Точков очекува дека во 2018 година ќе се намалува бројот на граѓани на кои за егзистенција ќе им биде потребна помошта од Црвениот крст и помал број на интервенции од делот на катастрофите и првата помош.
Според него годинава во заминување била година на стабилизација, надеж, земјотреси и др потреси. На личен план Точков годинава ја испраќа на одговорна раководна функција на установа која се грижи за здравствена заштита на населението.
„Во 2017 бев избран за директор на Центарот за јавно здравје, што за мене е голем предизвик и што претставува и понатака императив за да се докажуваме и да ги подобриме услугите кој што ги пружа Центарот. Направивме многу за овие 4 месеци но очекуваме дека ќе бидеме институција со која што ќе се гордеат и пациентите и вработените“
Инаку, волонтерите на Црвен Крст, денеска ги посетија старите лица во геријатриското одделение при Општа болница. На нашите постари сограѓани на тоа одделение им поделија бројни подароци обезбедени од хумани поединци, фирми и здруженија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град