Епидемиолошката состојба во Охрид е стабилна во континуитет, отценува првиот човек на центарот за Јавно здтравје, Сашо Точков.
Од вкупно 15 случаи на лица инфицирани со корона вирус од почетокот на епидемијата до денес, 7 лица се оздравени односно не се повеќе позитивни на вирусот. Останатите 8 лица веќе имаат прв негативен тест и се очекува вториот негативен резултат за присуство на вирусот. Денеска се земаа и испраќаа материјали односно брисеви во лабораториите во Скопје.

„Се надевам дека до крајот на оваа недела во Охрид веќе нема да има активни случаи, болни од Ковид 19. Овие лица на кои сега им се работи вториот тест се асимптоматски, не се болни но пред 2 недели имаа позитивен тест за корона вирус.Ваквата поволна епидемиолошка состојба секако не значи дека треба да се опуштиме, посебно тоа важи за Охрид кој е привлечен за туристи, гости очекуваме секој нареден викенд се повеќе. Но апелираме на претпазливост, одговорност, совесност и почитување на сите мерки, посебно носење заштитна маска , хигиена и почитување дистанца. Активноста на вирусот е помала но тоа не значи дека епидемијата е надмината.“, вели Сашо Точков, директор на центарот за Јавно Здравје од Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град