Осиромашена програмата за туризам и локален економски развој. Еден од клучните сектори за поттикнување на економските ефекти во градов, 2012 година ќе ја турка со двојно помал буџет.
На вчерашната седница програмата за ТЛЕР беше една од најостро критикуваните. Опозициските советници се посомневаа во полезноста и ефектите на проектите на овој сектор. Вистинска непознаница е зошто општината одобри двојно помал буџет со оглед на фактот дека голем дел од манифестациите по кои Охрид е препознатлив, годинава ќе бидат осиромашени.
„Годинава имаме големо намалување и немање на некои одредени активности во организација и подршка на различни активности на настани поврзани со дефинирање, промоција и брендирање на туристичките производи. Од предвидениот односно бараниот буџет од 1.000.000 денари, само 100.000. За Ѓомлезијада 2012 од бараните 300.000 само 100.000, а веќе ги немаме карневалот во Куратица, ги немаме Водици, го немаме Ден на летото итн.“-вели Џемал Рахман-Советник од турската заедница. Уште една критика на адреса на секторот за ТЛЕР пристигна од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Советничката Дамоска-Секуловска со обвинување дека сите програми на овој сектор личат една на друга и дека едноставно се прави пресликување на ставките, а се менуваат само бројките.
„Немаме разлика дали станува збор за претходната или годината пред неа, ги имаме значи истите програми, истите проекти, истите активности кои што доаѓаат од секторот за локален економски развој. Значи овој сектор не покажува никаква креативност во однос на креирање на нови активности, нови мерки затоа што се докажа во претходниов период наназад дека она со што настапува овој сектор во следнава година, а и претходните години, не даде никакви позитивни резултати.“-рече Јованка Дамоска-Секуловска-Советник ВМРО-ДПМНЕ.
Раководителот на секторот за ТЛЕР, Гоце Симоноски не сакаше да ја коментира големината на одобрениот буџет. Тој напомна дека општина Охрид и неговиот сектор се пионери во неколку проекти, пред се при воведувањето на системот за категоризација и регистрација на станоиздавачите од мал обем.
„Во однос на пресликувањето на програмите само можам да кажам дека програмата која што можеме да ја подготвиме во Г2 е во согласност со законот за Локална самоуправа и статутот. Значи имаме ограничени можности кои се дефинирани по статут, како и што можеме да работиме. И покрај таа ограниченост ние даваме можност да се вклучат сите граѓани, да се вклучи онаа креативност во креирање на проектните идеи, а се во интерес на развојот на туризмот и развојот на градот.“-изјави Гоце Симоноски-Раководител на сектор за ТЛЕР.
На обвинувањата за малиот износ на собрана такса за привремен престој, Симоноски одговори дека секторот најпрво започнал со наплатена такса од 2.000.000 денари, за во моментов да располага со 15.000.000. Симоноски додаде дека евиденцијата на гости, а со тоа и наплатената такса би била десеткратно поголема доколку била добиена дозволата за инсталирање на софтверот за евиденција на гости за која аплицирале пред две години. Безразлика дали е повеќе или помалку успешен, секторот за ТЛЕР за жал оваа година ќе ги анимира туристите само со гомлезијадата. Нема подршка за Водици 2012, ниту за Василичарскиот карневал во Куратица. Да се надеваме дека барем ќе го задржат квалитетот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град