ТЛЕР ги обработи податоците за туристичката сезона 2015та

ТЛЕР речиси ги обработи податоците за бројот на гости и остварени ноќевања како и наплатена туристичка такса за 2015та. Параметрите покажуваат дека летото што измина е многу подобро од тоа претходно. Локалната оваа година ќе работи на зголемување на бројот на домашни гости.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Туристичката сезона 2015та многу поуспешна од 2014та. Ова го покажуваат податоците од Секторот за туризам и локален туристички развој. Бројките кажуваат дека има подобрување на вкупниот број на гости  и во однос на наплатата на туристичката такса, а и во бројот на остварени ноќевања. Во 2015 за 6,6% остварените ноќевања се поголеми од минатата година, со тоа што ноќевањата на домашни гости се намалени за 2,9%, а во однос на тоа пак ноќевањата на странски гости се зголемени  за 11,4%.

Ова се податоци од ТЛЕР и тие се поклопуваат со оние од Државниот завод за статистика иако има некои мали отстапувања и разлика кога станува збор за процентите на остварени ноќевања. Дали станува збор за некоја грешка или е некоја друга методологија во прашање тоа не можам со сигурност да кажам, вели портпаролот на Локалната самоуправа, Томе Џамтоски.

Наплатата на туристичката такса е зголемена за 12% или во бројки во 2015та наплатени се 16 229 550ден, а во 2014та биле наплатени 14 465 481ден.

Овие бројки и податоци можеби ќе претрпат некоја мала корекција, но она што го имаме како извештај покажува дека 2015та во секој случај е многу подобра сезона од 2014та. Посебно радува фактот што се зголемува процентот на странски посетители, а интенција на Локалната за оваа сезона е да го зголеми и процентот на домашни гости, вели Џамтоски.

До крајот на февруари или почетокот на март треба да бидат целосно обработени податоците и да биде доставен целосен извештај до Советот на општина Охрид. Тоа ќе биде и основа за краткорочната стратегија која ќе ја прави Локалната за нареднава летна сезона.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top